Вести

Премиерот Заев на свечено пуштање во употреба на Коридор 10: Намалувањето на физичката, временската дистанца, меѓу главните градови на двете земји е соодветна на пријателството и блискоста меѓу нашите народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на покана на Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26 км кое поминува низ Грделичка клисура од Коридорот 10. Премиерот Заев имаше свое обраќање кое ви ...

Read More »

Ултра-маратон долж Коридор 8: Тевдовски, Шилегов и македонските атлетичари трчаат во поддршка на маратонецот Георгиев со порака за поврзаност и пријателство

Министерот за финансии на Владата на Република Северна Македонија, Драган Тевдовски, придружен од градоначалникот на Скопје и атлетичарите од Атлетската федерација го поддржаа ултра – маратонецот Краси Георгиев кој денеска трчаше во Скопје, а ќе продолжи со трчање долж Коридорот 8. Трасата е долга 1000 км. и вклучува над 20 градови од Република Бугарија, Република Северна Македонија и Република Албанија. ...

Read More »

Момчето со церебрална парализа со својот трицикл ќе пристигне во Охрид

Ресенчанецот Васил Јанкула, момчето  со церебрална парализа, по седум дена возење трицикл низ Македонија, попладнево пристигнува во Охрид Малкумина веруваа дека може! Васил Јанкула и неговиот тренер Тони Ангеловски беа сигурни дека ќе успеат, и се осмелија да тргнат на пат од околу 600 километри. Од Ресен, преку Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, и Струга, денеска ќе ...

Read More »

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска учествуваше и се обрати на Меѓународна научно – стручна конференција „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија“. Пред министрите за труд и социјална политика, за образование и наука и за здравство, Мила Царовска, Арбер Адеми и Венко Филипче, но и пред истакнати експерти, доктори од областа, Премиерот Заев го искажа своето задоволство што ја има честа да биде покровител на оваа меѓународна научно – стручна конференција. Во продолжение ви го пренесуваме во целост текстот на неговото обраќање: „Можам и би сакал да повикам на зголемување на свесноста на целокупното општество за овие луѓе. Тие се исти како и сите нас, само им е неопходна поголема поддршка за да можат и тие да се школуваат, да добиваат соодветен третман од институциите, а потоа и да се вработат. Верувам дека сите знаете дека во библиотеката на Владата работи Нина, којашто е девојка со Даунов синдром. Но тоа воопшто не е пречка таа да ја извршува својата работа одговорно, професионално и посветено. Знам дека Владата не е исклучок. Знам дека и во други државни, но и во приватни институции, па и кафулиња работат лица со некаков вид на попреченост. Но за жал ваквите примери се малку. Малубројни се и примерите за вклученост на децата со попреченост во образовниот процес. И во овие сфери едноставно мора да сториме повеќе. Но, се почнува и зависи од нашата свест. Министерката Царовска спомена дека со новиот Закон за социјална заштита за лицата со попреченост, меѓу другото, се обезбедува лична асистенција. Тоа во голема мера им помага и им го олеснува функционирањето на овие луѓе. Но ако при една прошетка со личен асистент овие лица ги погледнуваме како да не се луѓе, тогаш тие пак ќе се чувствуваат непријатно, без разлика што полесно се движат. Ист е случајот и со неприфаќање на дечињата со попреченост од нивните врсници во училиште. И овде потфрлуваме ние возрасните бидејќи не ги учиме нашите деца да ги прифаќаат различностите. Исто така, не случајно националната стратегија за деинституционализација го носи името „Тимјаник“. Се сеќавате каква беше реакцијата на жителите кога се обидовме во мали групни домови да сместиме деца со попреченост. Истите тие луѓе, кога одблизу ги запознаа дечињата, веднаш го сменија својот став. Почитувани, Ова мало општество, како што е нашето, навистина треба да се ослободи од стигмата и дискриминацијата кон лицата со попреченост, но и кон сите останати кои на овој или на оној начин се разликуваат од нас. И тоа зависи од секој од нас. Пораките коишто секојдневно ги пренесуваме како едукатори, како доктори, експерти или како политичари допираат до сите. Затоа тие пораки треба да бидат пораки за заедништво, за прифаќање и почитување на различностите“.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска учествуваше и се обрати на Меѓународна научно – стручна конференција „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија“.   Пред министрите за труд и социјална политика, за образование и наука и за здравство, Мила Царовска, Арбер Адеми и Венко Филипче, но и ...

Read More »

Премиерот Заев на Македонскиот енергетски форум 2019: Производството на чиста енергија треба да биде еден од генераторите на економскиот раст

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2019 „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“. Премиерот Заев и в.д амбасадорката на Амбасадата на САД, Микаела Швајцер Блум со свои воведни обраќања го отворија Македонскиот енергетски форум 2019.  Амбасадорката Блум во своето обраќање изрази силна поддршка на Соединетите Американски Држави ...

Read More »

Премиерот Заев и Принцот Едвард: Партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи и во иднина во области од заеднички интереси

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев присуствуваше на пригодната вечера што беше организирана по повод посетата на Неговото Височество принцот Едвард на Република Северна Македонија.   На вечерата Премиерот Заев и Принцот Едвард се задржаа во куси разговори со гостите на вечерата, дел од стипендистите на академската програма Чивнинг на Велика Британија, претставници на организации што работат ...

Read More »

Состојба на Патиштата, Петок, 17.05.2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВАЖНО: Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот ...

Read More »

Премиерот Заев: Отворените врати и можности во ЦЕРН е од исклучително значење за научниците од нашата земја

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска прими делегација на Европската организација за нуклеарни истражувања, популарно позната по кратенката ЦЕРН.   Делегацијата, предводена од Проф. д-р Кристоф Шафер и д-р Тадеуш Куртика, високи советник во Одделението за меѓународни односи на ЦЕРН, во придружба на министерката за наука на Црна Гора Сања Дамјановиќ, која воедно е и член ...

Read More »

Претседателот Пендаровски ги прими амбасадорите на Република Словенија и на Народна Република Кина

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбек и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен.   Амбасадорите во име на претседателите на двете земји, му упатија искрени честитки на претседателот Пендаровски за изборот на функцијата Претседател, му посакаа успешен мандат и изразија уверување дека севкупните односи на нивните земји со Република Северна ...

Read More »

Царовска: Се интензивираат активностите на мобилните тимови, идентификувани 167 деца на улица

167 деца меѓу кои 18 бебиња се идентификувани на неколку пофрекфентни крстосници во Скопје изминатите две недели од страна на 6 мобилни тимови. Најчестите активности во кои децата се вклучени, е улична работа, вклучително и продавање на мали предмети, чистење на стакла, и питачење. Поголемиот дел од нив се без документи и не се вклучени во образовниот процес.   Ова ...

Read More »