
Во својата реакција на видеото на Владата посветено на 35 години независност, ДУИ, меѓу другото, вели дека по две години систематско демонтирање на механизмите на Охридскиот рамковен договор (ОРД), сега се прави обид да се демонтира дури и сеќавањето на документот.
„Ова е чекор назад што не смее да се нормализира“, додаваат.
Сепак, како одговор, ВЛЕН истакнува дека ОРД не е сопственост на ДУИ, туку историско достигнување на сите Албанци. Ја обвинува ДУИ дека со години го користи документот како политички капитал, додека најавува правична застапеност загарантирана со закон, како и вистинска децентрализација.