
Според министерот за транспорт Николоски, Северна Македонија го решава прашањето за транспортерите самостојно, преку билатерални договори.
Тој во интервју за Телма потенцира дека позицијата на земјава се разликува од другите држави од Западен Балкан и дека транспортерите не треба да подлегнуваат на пропагандата на странски држави, пред се од Србија.
На средбата во вторник во Скопје меѓу претставниците на транспортните компании од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора – поддржана од колегите од Албанија и Косово – беше постигнат договор според кој доколку ЕУ не понуди барем привремено решение за проблемот до 1 септември, тие ќе иницираат радикални протести.