Вести

Прелиминарните резултати: ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова изборни победници

На прес-конференција доцна во средата вечерта Државната изборна комисија (ДИК) ги презентираше прелиминарните резултати од парламентарните избори. Како што рече претседателот на ДИК, Александар Дастевски, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Твојата Македонија, освои 59 пратенички места. Со преброени 96,07 отсто од гласовите, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ е втора, со 19 пратенички места, трета е коалицијата на СДСМ со 18 пратеници, ...

Read More »

Реакции за победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори

Вчера околу 23 часот, коментирајќи ја победата на неговата партија на парламентарните избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека СДСМ и ДУИ ќе одговараат за, како што истакна, криминалот и неправдата. „Вечерва конечно се поразени“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека е време партијата на Али Ахмети и СДСМ да станат дел од опозицијата. Честитајќи и на ВМРО-ДПМНЕ ...

Read More »

Силјановска Давкова ќе биде нов претседател по победата над Пендаровски

Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде новиот претседател на Северна Македонија. Во средата таа рече дека ќе направи се за да ги брани државните и националните интереси. Исто така, таа го критикуваше, како што рече, „бојкотот“ на ДУИ на вториот круг. Таа рече дека најголемата реформа е дека претседателот на земјата ќе биде жена. Стево Пендаровски од СДСМ ...

Read More »

Двојни избори: Пораки по затворање на избирачките места во 19 часот

По завршувањето на гласањето во 19 часот во средата, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Дастевски рече дека двојните избори биле демократски и фер, успешно организирани и професионално спроведени. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски изјави дека „отворениот повик“ на ДУИ за бојкот на вториот круг на претседателските избори не успеа. „Македонија ќе има нов претседател. Прагот е исполнет“, додаде ...

Read More »

Тосковски и Бојмачалиев: Денот на изборите е мирен, без поголеми прекршувања

На прес-конференција по завршувањето на гласањето, привремениот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмачалиев, рекоа дека денот на изборите помина мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. „Сакам да им се заблагодарам на македонските полицајци кои посветено работеа цел ден, но и на граѓаните кои покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство“, ...

Read More »

Ескобар убеден дека патот кон ЕУ ќе продолжи, без оглед на изборите

На онлајн брифингот со новинарите во средата, заменик-помошникот секретар на САД за Бирото за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар, кој е и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, рече дека е уверен и се надева дека без оглед на изборите во Северна Македонија, патот кон ЕУ ќе продолжи. Ескобар ќе ја напушти работата овој месец. „Една од работите ...

Read More »

ДИК ги презентира податоците на гласањето во вторник

Во вторникот околу 22 часот, Државната изборна комисија (ДИК) изнесе информација за процесот на гласање во рамки на двојните избори за членови на дијаспора, болни и изнемоштени лица и други категории граѓани. Заклучно со 19 часот, излезноста кога станува збор за членовите на дијаспората, кои гласаат во вториот круг од претседателските избори, е 25,38%. „Меѓутоа, истакнуваме дека оваа излезност не ...

Read More »

Полицијата презема мерки за фотографии направени од гласачки ливчиња со заокружен број

На 06.05.2024, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори одржан на 24.04.2024, од судија на претходна постапка обезебедена е наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија, соопшти МВР. При претресот ...

Read More »

Тројца мажи се обиделе да влезат во објектот во Чаир каде се чува изборниот материјал

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото. Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ...

Read More »

Писонеро: Одлуката за тоа кога ќе се свикаат следните МКГ сега е во рацете на членовите

Европската унија одблизу ќе го следи изборниот процес во Македонија. Веруваме дека сите политички сили во земјата ќе го поддржат напредокот на земјата на европскиот пат. Ова го порача портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување, Ана Писонеро, коментирајќи ги претстојните двојни избори. „Одблиску го следиме изборниот процес. Европскиот совет укажа на тоа што очекува и очигледно од ...

Read More »