
Алијансата за Албанците изрази длабока загриженост во врска со промотивното видео на Владата објавено по повод 35 години независност, велејќи дека етничките Албанци се речиси целосно исклучени, додека Албанскиот јазик е целосно отсутен.
„Неприфатливо е еден официјален материјал, финансиран и од даноците на албанските граѓани, да биде изграден врз едноетнички наратив, создавајќи впечаток дека оваа држава му припаѓа само на една заедница. Албанците биле нераскинлив дел од најважните политички и општествени процеси во земјата, од периодот на осамостојувањето, преку изградбата на демократските институции, интеграцијата во НАТО, па сè до патот кон Европската Унија“, вели партијата, барајќи нов, „достоинствен, репрезентативен и инклузивен“ материјал.