Вести

Скандал со Грантови: Директорот на АР Еролд Муслиу под Лупа

Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање е во центарот на скандал. Додека тој е функционер назначен од Пендаровски, неговата сопруга земала грантови од стотици илјади евра, рече на денешната прес конференција пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки. Според него, сопругата на Еролд Муслиу преку нејзината невладина организација добила грант од 620.000 евра. За сопругата на Еролд ...

Read More »

Визита на О’Брајан: САД и Западен Балкан во Фокус

Во земјава пристигна Џејмс О’Брајан, раководител на одделот за координација на санкциите при американскиот Стејт департмент и американски помошник државен секретар за Европа и Евроазија. О’Брајан е дел од делегацијата која ќе учествува на лидерскиот состанок на Западен Балкан, утре во Скопје, посветен на планот за раст на Европската комисија. Американската поддршка на Северна Македонија е секогаш во вистинското време, ...

Read More »

Лидерите на Европскиот сојуз ги продолжуваат средбите во Конгресот на САД, фокус на поддршката за Македонија

Лидерите на Европскиот сојуз и денеска продолжија со интензивни средби во американскиот Конгрес. Во текот на денот беа остварени средби со конгресмените Ричи Торес и Роберт Б. Андерхолт, двајцата копретседатели на парламентарната група за албански прашања на Претставничкиот дом на САД. Фокусот на средби во САД со високи претставници на американскиот Конгрес продолжува да биде силната поддршка што американската држава ...

Read More »

Ковачевски во Скопје имаше средба со Ахмети и Заев

Премиерот Димитар Ковачевски за ТВ21 изјави дека во четвртокот во Скопје имал средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев. Ковачевски не откри каде и кога точно се случила средбата, а само кусо изјави дека тој, Ахмети и Заев разговарале за европските перспективи на Северна Македонија. Од друга страна, МИА, повикувајќи се на ...

Read More »

Ќе нема превоз во понеделник ако на вработените во ЈСП дотогаш не им биде исплатена платата

Трите репрезентативни синдикати на Јавното сообраќајно претпријатие информираа дека ќе нема превоз во понеделник ако не ја добијат платата до тогаш. Според претседателот на еден од трите синдикати во Миќо Стојановски, решението е едноставно, да се остави претпријатието само да работи и само да остварува профит. „Не ни треба Советот на Град Скопје, не ни треба Град Скопје, нека не ...

Read More »

М-НАВ со нови директори, надзорниот одбор го прифати предлогот на владата

Хекуран Асани и Милан Кораќ следната недела стапуваат на новата функција директори во М-НАВ, дознава „Телма“. Надзорниот одбор на денешната седница го прифати предлогот на Владата донесен на седницата одржана на 9 јануари и ги разреши досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски. Третиот директор во државната компанија, Хасим Деари, ја задржа својата функција. Поради законската процедура, надзорниот одбор ќе ...

Read More »

Случајот „Ласкарци“ спасен да не почне од почеток

Судскиот совет на денешната итна 474-та седница донесе одлука новоизбраната судијка во скопска Апелација, Александра Ристеска, времено да биде упатена во Основниот кривичен суд Скопје, се до објавувањето на пресудата за случајот „Ласкарци“. Ристеска е член на судечкиот совет за предметот „Ласкарци“, поради што постеше опасност од враќање на предметот кој трае повеќе од четири години од почеток. Рочиштето за ...

Read More »

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, клиент била општината – канцероген отпад завршувал кај Лепенец

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, објави дека службите на Градот детектирале еколошка катастрофа на парцела од 4.000 квадратни метри приватен имот и 5.000 квадратни метри имот на Македонија, во близина на реката Лепенец, на само неколку стотини метри од новата прочестителна станица што ја гради Ѓорче Петров, а е финансирана од ЕУ. Приватната дива депонија се наоѓа на парцела ...

Read More »

Петровска: Присуството на Зечевиќ кај Арсовска е политичка култура

Министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека дека присуството на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, на конвенцијата на партијата Нова алтернатива не значи по дефиниција дека ќе има коалиција или соработка. „Тоа е одлука на партијата, а партијата добила покана. Мислам дека треба кој било член на партијата да удостои формирање политичка партија доколку принципите на партијата, се разбира, ...

Read More »

Судскиот совет изгласа запирање на постапката против Беса Адеми

Судскиот совет донесе одлука за запирање на дисциплинската постапка против претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Седум од 11 членови на Судскиот совет гласаа за запирање на дисциплинската постапка што ја покрена членот на советот Милазим Мустафа поради тоа што Адеми не присуствуваше на неколку од седниците на Судскиот совет. Додека дел од членовите дури изјавија дека целата постапка против ...

Read More »