Формиран кризен штаб за организирање на извлекување на македонските државјани од Израел и Блискиот Исток

МНР формиран кризен штаб, примарно надлежен да организира извлекување на македонските државјани од Израел и од земјите од Блискиот Исток, доколку се јави потреба за тоа.

Во Израел има најмногу 40 до 50 наши државјани, меѓу кои и семејствата на дипломатскиот персонал во Тел Авив.

Шефот на дипломатијата повика претседателот да свика седница на Советот за безбедност каде би се разгледале можните сценарија од евентуалното ескалирање на состојбата на Блискиот Исток и повторното актуализирање на балканската мигрантска рута.

Пендаровски е во постојана комуникација со нашите партнери во НАТО. Состојбата се следи, во моментов се проценува дека нема безбедносна закана за Македонија, велат од претседателскиот кабинет.

Османи го осуди нападот на Иран, но нагласи дека Израел сноси своја одговорност за страдањата на цивилите во Газа.

Потсети дека најголемиот број наши државјани во Израел беа повлечени со организиран лет во октомври лани, а дел останаа по своја волја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*