Лидерот на Левица: Авангардата е само почеток, борбата продолжува

Опозициското настроение во државата е евидентно. Нашето прво учество на претседателските избори го изработивме машки, потписите ги собравме за рекордно време.

Понудивме сосема различна стратегија. Додека сите партии имаат пад, ние имаме раст на бројот на гласови споредено со претходните избори-истакна лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Иако во Левица очекувале подобар резултат, задоволни сè што допреле до авангардата. Но, велат, со авангарда не се победува.

Најавуваат дека ќе работат на подобрување на инфраструктурата, на базата до следните избори и ќе отворат нови канцеларии за да им се доближат на граѓаните во сите населени места.

Според нив, главната битка е на осми мај на парламентарните избори и тогаш ќе го играат второто полувреме. Велат дека не се гладни за власт и имаат долгорочен план.

Уверени дека само со радикални промени можеме да свртиме нов лист и да создадеме средена држава. Ветуваат дигитализација на високошколските учебници по принципот на „отворен пристап“, десеткратно зголемување на буџетот за образование и наука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*