Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски во вториот круг: Официјални резултати од ДИК

Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од првиот круг на претседателските избори.

Во вториот круг на 8 мај одат Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 363.086 гласови и актуелниот претседател Стево Пендаровски со 180.500 гласови.

Обработени се гласовите од 3505 од 3508 гласачки места.

На 3 места во Куманово гласањето беше прекинато поради технички проблеми, затоа што станува збор за мал број на гласови кои немаат влијание врз крајниот исход ДИК го поништи и соопшти дека нема да се прегласува.

Од Државната изборна комисија посочија и дека во моментов течат роковите од 48 часа за приговори до дик од учесниците во изборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*