Државите учеснички на состанокот на ПСЈИЕ ја потврдија поддршката за интеграцијата во ЕУ

Приоритетите кои го обезбедуваат помирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евро-атлантските интеграции, но и зајакнувањето на демократијата, темелните права и вредности, владеењето на правото, борбата против корупцијата, безбедноста и климатските промени биле на агендата на денешниот министерски состанок на во Скопје, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по состанокот на министрите за европски прашања на земјите-учеснички на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) 2024.

На состанокот, порача Маричиќ, покажавме дека сме обединети на нашето патување кон полноправно членство во ЕУ, како и дека на патот кон забрзана интеграција на целиот регион во ЕУ имаме силна поддршка во Стратегијата на ЈИЕ 2030 и Планот за раст на ЕК.

Учесниците на состанокот, подвлече Маричиќ, усвоиле заедничка изјава со која учесниците на ПСЈИЕ кои се земји членки на ЕУ ја нудат својата цврста поддршка на учесниците на иницијативата кои не се земји членки.

“Ние учесниците на иницијативата стоиме обединети во нашата поддршка за директни придобивки за сите партнери во регионот преку постепена интеграција овозможувајќи усогласување со единствениот пазар на ЕУ, дури за време на процесот на проширување, не чекајќи полноправно членство”, порача Маричиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*