Судиите од врховен не прифатија иницијатива за примена на амнестијата во предметот за упадот во собранието на 27 април

Судиите од врховен не ја усвоија иницијативата да одлучат дали амнестијата за упадот во собранието треба да се примени во предметот организатори на 27 април.

На денешната седница, заклучено е дека таквата иницијатива поднесена од адвокатот на Владимир Атаносовски, не се прифаќа.

Од судот појаснуваат дека не можел врховен да толкува дали амнестијата е применлива и за други лица, бидејќи законот прецизирал кој е ослободен од вина. Немало ниту различни судски практики за примената на законот за амнестија.

Адвокатот Апостолски, вели, сега Кривичниот суд ќе треба одлучува за амнестијата. Предметот Организатори на 27 април се суди по вторпат. Апелација го врати на повторено судење со барање Кривичниот суд да се произнесе за амнeстијата.

Според одбраната, таа треба да се примени и во овој случај, но со нив не се согласи судијата. Со претходната пресуда, обвинетите беа осудени на затворски казни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*