ВМРО-ДПМНЕ: Ѓорѓија Сајкоски ќе биде носител во петтата изборна единица

Во ВМРО-ДПМНЕ разрешена дилемата за петтата изборна единица. Носител ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски. Претходно беше официјализирано дека лидерот Мицкоски ќе има дуел со Ковачевски во единицата.

Владо Мисајловски е носител во двојката, Драган Ковачки во тројката, Александар Николоски и Дафина Стојаноска ќе ги предводат листите во петтата и шестата изборна единица.

Во партијата на Максим Димитриевски од познатите имиња за јавноста, тројката ќе ја предводи генералот Павле Арсовски, а петката бившиот пратеник на СДСМ Весна Бендевска, која до неодамна ја предводеше комисијата за дискриминација.

Во првата изборна единица носител ќе биде Бобан Карапеовски, професор на катедрата по Македонски јазик, прв на листата во двојката е директорот на „Чистота и зеленило“ од Куманово, Даниел Стојчевски, четворката ќе ја предводи претседателот на Стопанската комора на ЈИМ, Миле Цеков. Носител во шестата изборна единица им е претседателот на тетовскиот огранок, Небојша Захариевски.

Во понеделник се очекува ДУИ да објави раст на предизборната коалиција наречена Европски фронт. Ќе му се придружи некогаш лутиот политички противник ДПА, како што потврди Мендух Тачи за Клан Македонија, но и Европската демократска партија на Арјанит Хоџа.

Најнеизвесно останува позиционирањето на делот од Алијанса предводен од Зијадин Села. ДУИ му чува добитни пратенички места ако се придружи во Европскиот фронт, а Таравари го повикува да не се компромитира.

Му ветува и потпис на кандидатските листи ако се определи за самостоен настап бидејќи нема судска одлука чија Алијанса е онаа вистинската.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*