ВМРО-ДПМНЕ формира предизборна коалиција со седум партии, вклучувајќи ги некои досегашни коалициони партнери на СДСМ

Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ објави дека седум партии, од кои дел досегашни коалициони партнери на СДСМ, донеле одлука и преминуваат во предизборна коалиција со нив а за уште една пратија за која засега не сакаат да го откриваат името се чека деновиве да донесе финална одлука.

Партиите со кои ќе се проширува опозициската коалиција се Социјал демократската унија, Обединета партија за целосна емаципација на Ромите, Македонски концепт на Петар Богојески, Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, ТМРО, Достоинство на Стојанче Ангелов и Демократски сојуз на Павле Трајанов.

Тој на прес-конферецнија денеска кажа дека преговорите се во финална фаза, а причините за коалицијата се состојбите во државата и блискоста со програмските цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*