Градоначалникот на Карпош поднесе кривична пријава појавувајќи се на црната листа на САД

Кривична пријава против непознат сторител поднесе градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски откако неговото име се најде на црната листа на САД.

На Јакимовски, кој е на листата поради вмешаност во значителна корупција и на неговото семејство му е забранет влез во САД.  Јакимовски, кој е претседателскиот кандидат на ГРОМ обвинува за директно мешање во трката и тврди дека најсовесно ја извршувал функцијата градоначалник.

Тој се нашол на листата, како што вели, поради луѓе кои се продолжени раце на странските разузнавачки служби со цел да му нанесат штета.

„Луѓе кои што се поврзани со странски служби и кои што во континуитет создаваат предуслови за да може да се повикаат на ваква работа дека не реагираат македонските правосудни органи. Ние овие 7, 8 месеци бевме засипани со кривични пријави и да се чудиш кои глупости внатре ги трескаат. Што да им прави обвинителството кога поднесуваат и пишуваат глупости“, рече Јакимовски.

Кој ги поднесувал кривичните пријави и кој се соработниците на странските служби на сакаше да каже, но обвинителството било информирано, а интерес за неговото име да се оцрни имале неговите политички противници.

„Интерес имаат политичките противници и на оние што не им одговара Македонија да има политичари кои мислат со своја глава и оние кои што сметаат дека ние треба да има политичари кои без приговори ќе ги прифатат сите нивните одлуки. Нема за ништо да приговараме и постојано како папагали ќе повторуваме дека ние остануваме на европскиот па, колку и тоа да биде штетно по македонските граѓани“, додаде тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*