Артан Груби од ДУИ размислуваат за уставни измени пред формирање влада

Во ДУИ се размислува по изборите да се бара прво да се гласаат уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата, а потоа да се оди на формирање влада – вели вицепремиерот Артан Груби откако е прашан за тоа на каков начин му пристапуваат на прашањето за уставните измени и формирањето идна влада. како што беше автентичното толкување на законот за амнестија и законот за јазици.

„Немало состанок за определување кандидат за претседател на државата. Убедувањето (на Ахмети, н.з.) оди тешко. Го знаете неговиот став: ‘Јас сум мисионер и не сум функционер. Не сум во политичка партија ниту во политиката за да добијам функција, туку за мисијата да ми биде успешна’. И пред тој аргумент мора сите да се повлечеме. Но, ако прашате кој било член на ДУИ, кој било гласач на ДУИ, секако дека ќе се определи за Али Ахмети“, вели вицепремиерот Артан Груби. Во ДУИ има многу имиња кои би можеле да бидат претседателски кандидат, почнувајќи од потпретседатели на партијата, секретарите, ветераните, па и непартиски членови – вели Груби. Прашан дали министерот за надворешни работи Бујар Османи би можел да биде претседателски кандидат, Груби вели: „Османи би можел да биде одличен канидидат. Тој не води кампања во дијаспората за кандидат зашто не е разговарано ниту одлучено во партијата. Но, ќе мора да се донесе одлука скоро зашто на 23 февруари почнува собирањето потписи, кое би требало да трае до 8 март. Кај и да е, неделава ќе дознаеме кој е кандидат на ДУИ што ќе биде победник во албанскиот блок со можност да помине и во вториот круг“, додава Груби.

Тој прогнозира дека ДУИ би освоила меѓу 15 и 17 пратенички мандати при самостоен настап. Груби вели дека не сака да биде дел од кандидатските листи бидејќи смета дека многу повеќе може да придонесе работејќи позадински.

Во однос на заеднички листи на претстојните парламентарни избори Груби вели дека за тоа неделава ќе се „мери“ на уште една заедничка консултација.

„Во моментов, расположението во ДУИ е за разговори со други коалициски партнери, партијата на господинот Хоџа, на Тачи, на Реџепи Зеид и на други општествени чинители, додека со СДСМ имавме состанок пред десетина дена, заедно со претседателот на СДСМ, господинот Ковачевски, и мислам дека би требало да имаме состанок и неделава, деновиве што се пред нас, да видиме какви резултати покажуваат нивните анкети, какви нашите анкети, да видиме кој е најдобриот начин да се настапи“, рече Груби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*