Промени во изборот на членови во Судскиот совет: Минимален број на гласови и право на противглас во фокус

Со закон да се утврди минимален број на гласови потребни за еден судија да стане член на Судски совет но и можност да се гласа  против не само за – кога има еден кандидат.

Да се дефинира поимот “истакнат правник”  затоа што непрезицизноста влијае на квалитетот на членовите на судски. Ова се дел од препораките на Оценската мисија ЕУ.

Телма дојде до извештајот кој содржи 40 препораки во 5 области – состав и структира на судски совет, мандат на членовите, избор и назначување, дисциплински постаплки  транспарентност и ресурси и финансирање.

Експертите предлагаат членовите кои не се од редот на судиите да се бираат во постапка како онаа за антикорупционерите. Министерот за правда и претседателот на Врховен да не бидат членови на Судски.

Мандатот на членовите да се скрати од 6 на 4 години со можност да се обнаови уште еднаш а да се зголеми мандатот на претседатлеот од 2 на 4 години.

Препорака и да се намали обемот на работата на челновите на судски за да останат поврзани со судската средина.

Член на Советот да не може да биде избран само за судија, судија на повисок суд, претседател на суд не само за време на неговиот мандат, туку најмалку една година потоа. Се препорачува и подетално регулирање на дисциплинската постапка за членовите на судски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*