МВР во соработка со Европол го раскина меѓународниот ланец за шверц на кокаин: Уапсен С.М.

Специјалните единици на МВР со помош на Обвинителството во денешната акција во скопскиот регион го уапсија С.М. [Наркобосот на Грчец, Шевал Муареми], рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција во четвртокот.

Како што додаде, операцијата е спроведена во соработка со Европол, односно со колеги од Франција, Белгија и Холандија.

Станува збор за организирана група која се занимавала со активности на меѓународен план, односно шверцувала кокаин од земји во Јужна Америка, како Бразил, за потоа дрогата да се продава во Европа.

Криминалната група е поврзана и со убиства на наем, за што се собрани доволно докази, истакна Спасовски и додаде дека станува збор за кривично дело извршено од 2019 до 2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*