Приведен Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети и купувач на Соравија центарот

Вечерва во центарот на Скопје е приведен Дрин Ахмети, потврдија за Телма, полициски извори.

Приведувањето го реализирале припадници на специјалната полициска единица Тигар затоа што во автомобил марка ренџ ровер било пронајдено поголемо количество петарди. Од МВР го потврдија случајот.

-Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, ни одговорија од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*