Ковачевски на средба со Мицкоски по нова година

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски денеска изјави дека средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се случи идната години, пред или по празниците.

Потенцира дека сите детали околу разговорите за техничката владата ќе бидат навремено соопштени.

-Средбата дефинитивно ќе биде идната година, ќе видиме, по или пред празниците. Она што го видовме сите од медиумите е дека после 31 декември ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава во однос на тоа кои ќе бидат нивните претставници во техничката влада. Во однос на Владата ќе течат разговори на ниво на коалицијата, на ниво на учесниците во Владата и сите детали ќе се дознаат навремено, односно до 25 јануари, рече Ковачевски на официјалното отворање на спортската сала „Наум Наумовски – Борче” во Општина Карпош.

Премиерот посочи дека СДСМ веќе во текот на оваа недела ги имаат завршено комплетно сите процедури. Одговарајќи на новинарско прашање, Ковачевски истакна дека вицепремиерското место на Артан Груби не го смета „за толку многу заначјно за да биде толку експонирано“. Вели дека „тој е само еден од вицепремиерите“.

На новинарско прашање околу објавени анкети за партиските рејтинзи во пресрет на изборите, тој нагласи дека резултатите од анкетите во изминатите изборни циклуси се потврдиле како погрешни и посочи дека на 8 мај победничка ќе биде коалицијата што ќе ја предводи СДСМ.

“Јас сум исклучително мотивиран човек и има многу анкети кои што покажуваат различни резултати. Јас сум човек кој се води од работа и кој се водел од остварување на цели. Не седам во мојот партиски штаб заедно со моите колеги од раководството и да цртаме анкети на коишто водиме за да ни биде поубаво, туку напротив секој ден сме на терен со граѓаните и на терен со пуштање на нови објекти и на проекти. Тоа граѓаните знаат да го препознаат и на крајот на 8 мај победничка ќе биде коалицијата која што ќе ја предводи СДСМ, бидејќи од тие извори на анкети имаше опозицијата и на претходните избори и на вонредните локални избори во државата и се потврдија како тотално погрешни, така што и овие ќе бидат такви”, рече Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*