Обвинувања и прашања: Последна седница за годинава за владата на Ковачевски

Обвинувања на последната седница за пратенички прашања до премиерот и министрите. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го покрена прашањето до министерот за внатрешни работи Спасовски за одговорноста при потрагата на возилото на убиениот Панче Жежовски.

Тие тврдат дека доколку полицијата навремено постапувала да го открие исчезнатото возило, би можело, како што сметаат во ВМРО-ДПМНЕ, да се спречи убиството на малата Вања пет дена подоцна.

За министерот Спасовски, пратеникот Јанушев воопшто не е кредибилен да го поставува под сомнеж работење на полициските служби, зашто зад него има доста криминални случаи кои се потврдени и од надлежните институции.

Опозицијата го праша премиерот Ковачевски за изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Премиерот рече дека овој договор бил направен од претходната влада кој има низа пропусти во проектирањето. Ова е последна седница за пратенички прашања за годинава во мандатот на владата на премиерот Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*