ВМРО-ДПМНЕ потврди учество на изборите, но без гласање за техничката влада

​Премиерот Ковачевски веќе ги започнал разговорите за широк европски фронт со дел од коалициските партнери, откако Централниот одбор на СДСМ синоќа му даде вакво овластување.

Тој денеска од Струга истакна дека комуникацијата со сите кои го поддржуваат европскиот пат на земјава ќе се интензивира следниов период. Средба со Мицкоски за кадрите во преодната влада вели ќе има, но не прецизира кога.

“Со дел од коалициските партнери веќе се започнати разговорите за широк европски фронт и како што одминува времето така и ќе се интензивираат во однос на настапот на изборите… Техничката влада е законска обврска. Исто како мене да ме прашате дали ќе поднесам оставка на 100 дена пред влада, а јас да ви кажам не, ќе поднесам на 96. Тоа е непочитување на закон. Сите партии треба да ги исполнат своите обврски, за да не се остави дамка на процесот”, изјави премиерот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот брифинг со новинарите потврди дека партијата ќе учествува, но нема да гласаат за техничката Влада предводена од Талат Џафери. Кои ќе бидат нивни кандидати за преодната влада ќе одлучуваат по празниците.

Според законот, опозицијата предлага министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика. Според одлуките на СДСМ сите актуелни министри се кандидати во нивните досегашни ресори, со исклучок на двата кои и следуваат на ВМРО-ДПМНЕ.

Јована Тренчевска е кандидат за дополнителен заменик- министер во истиот ресор, а актуелниот шеф на кабинетот на министерот Спасовски е дополнителен заменик- министер за внатрешни работи. Новиот претседател на Собранието според спикерот Џафери треба да биде избран до 20 јануари. За оваа позиција СДСМ го предложи координаторот на пратеничката група Јован Митрески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*