Нови мерки против пушењето во 2024: Јавно здравје во фокус, најави министерот Меџити

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека во 2024 година ќе има поригорозни мерки за пушењето.

Ова го кажа во тетовската болница каде присуствуваше на промоција на соба за доење, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се преземат дополнителни мерки поради интензивирање на загадувањето на воздухот и проблемите на луѓето со респираторни заболувања.

На прашањето до каде е процесот за опфаќање на сите пациенти со цистична фиброза со лекот „трикафта“, Меџити посочи дека се работи на прагматично и сеопфатно решение. Седумтемина пациенти што треба да почнат да примаат „Трикафта“ се веќе хоспитализирани на детската клиника.

Почната е процедурата околу нивна подготовка за примање на лекот. За болниците во Кичево и Штип, Меџити повтори дека двата договори за доградба на тамошните објекти се раскинати.

“Договорот е раскинат за Кичево исто како и за болницата во Штип, поради прагматични причини за да не се дозволи да се продолжат да се влечат проблемите, поради прагматичност и ќе се пристапи кон нова постапка за реализација на овие проекти”, посочи Меџити.

За новите вработувања во здравството, министерот рече дека сега со нова одлука нема да зависат од Министерството за финансии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*