Анкети и предизборни подготовки: Нова рунда на препукувања меѓу Мицкоски и Ковачевски

Последната анкета на која ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат трипати повисок рејтинг од СДСМ и Ковачевски, повод за нови препукувања меѓу двајцата лидери.

Според премиерот, овие бројки биле скроени во партиското седиште на опозицијата, а реалноста вели е дека СДСМ има добри економски резултати кои граѓаните ги препознавале.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пак му одговори дека има лоша смисла за хумор, а чии политики се подобри ќе се потврдело на избори. И двајцата се убедени во двојна победа.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ се уште нема донесено формална одлука за учество во пржинската влада, која за еден месец треба веќе да почне да функционира, но личниот став на Мицкоски е дека треба да се дел и да делегираат технички министри. Кои ќе бидат избрани, се уште останува непознато, освен дека наскоро ќе седнат на лидерска на покана на Ковачевски, за да ги договорат деталите за целиот процес.

Во меѓувреме внатрепартиски и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават предизборни подготовки. ВМРО-ДПМНЕ формираше регионален изборен штаб, а СДСМ ќе го формализира нивниот централен штаб утре на седница на партиските тела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*