Полициски инспектор обвинет за смртта на мигрантка во Гевгелија: Казна од 3 години затвор може да следи

Обвинителството поднесе обвинение против полициски инспектор со чиј пиштол беше застрелана и убиена 23-годишната Фатмата Камара од Сиера Леоне.

Полицаецот е обвинет за дело „Тешки дела против општата сигурност“ за што е предвидена минимална казна од 3 години затвор без затворски максимум.

Инцидентот се случи во април оваа година во местото Стара касарна кај Гевгелија. При рација за спречување на криумчарење мигранти, полицајците затекнале двајца криумчари и повеќе мигранти.

Обвинетиот инспектор го извадил пиштолот и со викање ги предупредувал присутните да застанат. Еден од криумчарите пак му се свртел ненадејно и се обидел да му го земе пиштолот по што почнале да се борат. Обвинителството смета дека полицаецот не требало да се впушти во борба со криумчарот.

При борењето, пиштолот истрелал и фатално ја погодил Фатмата која била во автомобилот на криумчарите. Двајцата криумчари по настанот се приведени и признаа вина за делото „криумчарење на мигранти“ по што се осудени на по една година затвор. За смртта на Фатмата, двајцата не се обвинети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*