Македонската компанија ‘Сајтрокс’ на црната листа на САД поради злоупотреба на комерцијален софтвер за шпионажа

Македонската компанија „Сајтрокс“ се најде на црната листа на САД поради злоупотреба на комерцијален софтвер за шпионажа. Ова денеска го соопшти Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави.

Одлуката доаѓа по скандалите кои повеќе од една година ја брануваат Европа и светот откако се обзнани дека компаниите произведувале и дистрибуирале софтвер во земји каде што софтверот се користел за следење на невини граѓани. Улогата на македонската компанија во овој скандал за прв пат беше обелоденета во истражување на ИРЛ и Инсајт Стори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*