ДУИ: Случувањата поврзани со Меџити нема да влијаат на стабилноста на мнозинството

ДУИ жали што Изет Меџити се одвојува од партијата и со него во опозиција ги зема и пратеничката Коџаџику и Кастриот Реџепи, но тоа нема да влијае на стабилноста на мнозинството, велат довчерашните колеги на Меџити од пратеничката група на интегративците.

Иако официјално не ги коментираа последните превирања во Собранието, и од СДСМ неофицијално велат дека не се загрижени од тоа што тројца пратеници заминуваат во опозиција бидејки тие досега не ни сметале на нив. Од опозицијата пак, велат дека ова е доказ за нестабилно мнозинство. Поранешниот потпретседател на ДУИ и актуелен пратеник, откако преку Огнената група не успеа да ги смени работите во матичната партија, од вчера почна теренски активности за формирање на нова партија.

Регистрацијата се очекува на 13 август. Тој најави дека субјектот во прво време ќе располага со тројца пратеници и има намера да учествува на следните избори заедно со останатите албански опозициски партии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*