Вицепремиерот Маричиќ се сретна со Бун, Луерман и Шинковски вел Сек

Сега е време за храбри одлуки и реафирмација на консензусот за европската иднина на Северна Македонија и за нашето членство во ЕУ, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата со Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк. Земјата, како што рече, е цврсто решена да продолжи по европскиот пат и е подготвена во наредниот краток рок да ги исполни приоритетите од реформската агенда. Тој изрази очекување од сите политички партии и пратеници да придонесат за интензивирање на преговарачкиот процес. Апелираше да се донесат уставните измени. Кaко што потенцира уставните измени, ќе бидат покажување на дело, вистинска грижа за интересите на државата и граѓаните.

Македонија припаѓа на македонското семејство и ова е моментумот во кој Македонија мора да направи чекор напред, смета државната секретарка на Франција задолжена за Европа, Лоренс Бун која денеска заедно до министрите на Германија и на Полска е во официјална посета на земјава. Добивај вести на вибер – Нема да има дополнителни барања од Бугарија или од било која земја. Ова е единственото барање, да се промени Уставот и автоматски сте во следната фаза на преговорите. Сакам да бидам јасна, ова сакаме да биде што побрзо. Имате 22 таргети кои мислам дека ќе ги исполните. Јас пренесувам порака на поддршка и на доверба од претседателот Макрон дека Македонија ќе го направи клучниот чекор и ние сме подготвени да ви помогнеме најдобро што можеме – порача Лоренс Бун.

Германската министерка за Европа, Ана Лирман се обиде да се обрати на македонски јазик, но не и одеше најдобро, па пораката од ЕУ ја пренесе на англиски јазик. – Ве поддржуваме да станете членка. Руската агресија во Украина го забрза процесот кон ЕУ. Почитувањето на етничките малцинства е многу важно за ЕУ и тоа е една од европските вредности. Сега е моментот да се дејствува, да се каже да на европската иднина. Видете ја Полска денес. Договорот помеѓу ЕУ и Македонија е фер и нема да има подобар договор. Иднината на вашата земја е во вашите раце, ќе ве поддржуваме колку што можеме на патот кон членството, рече Лирман.

Министерот за ЕУ на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк рече дека неговата земја била голем поддржувач на влезот на Западен Балкан во ЕУ, посебно на Македонија. – Пораката е едноставна: Полска, Германија и Франција сакаат да ја поддржат Македонија. Знаеме дека направивте жртва и тоа ЕУ мора да го препознае. Полска и Македоија имаат одлична соработка, денес сме сојузници во НАТО и сакаме што побрзо да влезете во ЕУ – потенцира Шинковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*