ДОМ: Трибина на тема Климатска акција – сега!

Во организација на зелената партија ДОМ, денес се одржа онлајн трибина на тема Климатска акција – сега!

Воведно излагање на настанот имаше претседателката на ДОМ Маја Морачанин. Во своето обраќање таа ја потенцираше важноста од доследно спроведување на политиките за климатски промени и носење и имплементација на законските решенија за климатска акција во пракса.

На трибината, заменик министерката за животна средина и просторно планирање д-р Христина Оџаклиеска нагласи дека во услови на пандемија и економската криза предизвикана од истата, постои единствена можност земјата да ја трасира својата одржлива траекторија кон зелената транзиција.

Бојана Станојевска Пецуровска, претседател на Центарот за климатски промени ги истакна проектните активности кои како претставници од невладиниот сектор ги превземаат во насока на намалување на стакленички гасови од индустрискиот сектор и ја истакна потребата од брза транзиција кон зелената економија.

Професорот Иван Блинков од Факултетот за шумарски науки даде детален осврт на последиците кои ги предизвикуваат климатските промени и важноста на превентивните мерки, како пошумувањето, во услови на катастрофи.

М-р Ервин Реџепагич претставник од приватниот сектор ги образложи причините за енергетската криза и проблемите и предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор и истакна дека интензивните инвестиции во обновливи извори на енергија се неопходни за да се отпочне енергетската транзиција.

М-р Дејан Андонов од Институтот за комуникациски студии и координатор на кампањата “Разбистри се” ја нагласи важноста на комуникацијата помеѓу сите засегнати страни и јавноста во насока на подобра координација во спроведувањето на решенијата за ублажување на влијанијата од климатските промени.

Модератор на трибината беше Теодора Крстевска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*