Monthly Archives: September 2018

Грантови за 5 општини за подобрување на социјалните услуги

Пет општини во Република Македонија, општините Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Ресен ќе добијат грантови од по 120 000 евра за подобрување на социјалните услуги, пред се за ранливите и маргинализирани групи, во соработка со граѓанскиот сектор. Средствата се обезбедени од страна на Европската Унија, во рамките на регионален проект кој што се имплементира во Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, ...

Read More »

Пендаровски и Робертсон на граѓанска трибина во Битола: Гласањето на рефереднумот е императив, време е за Македонија, да биде дел од ЕУ и НАТО

Националниот координатор за НАТО и поранешниот генерален секретар на Северноатлантската алијанса, Џорџ Робертсон, кој е лидер на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ, вечерва учествуваа на трибина со граѓаните на Битола. На трибината, говорниците се осврнаа на придобивките од членството во НАТО и ЕУ, пpитоа ставајќи посебен акцент на информирањето за ...

Read More »

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е повторно на терен, повторно е помеѓу граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ е повторно на терен, повторно е помеѓу граѓаните. Денеска имавме одлична можност тука во Чаир да разговараме со граѓаните, да имаме средба со општинскиот комитет и да размениме разни мислења. Пред се да видиме што се оние актуелни политички теми и она што навистина го засегаат народот. Се разбира главна тема во Република Македонија е референдумот и оној штетен ...

Read More »

МТСП: Отворен Дневен центар за церебрална парализа во Прилеп – сервисите како овој помагаат лицата со попреченост да се вклучат во општеството

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот Илија Јовановски, денеска го отворија Дневниот центар за церебрална парализа во Прилеп. Центарот е направен и опремен по највисоки стандарди, а дворот и влезот се приспособени за потребите на овие лица. „Социјалните сервиси како што е овој дневен центар треба да ги следат индивидуалните потреби на секое дете и неговото ...

Read More »

Заев: Воведуваме европски стандарди на социјална заштита, бидејќи Европа значи солидарност, социјална правда и достоинствени услови за живот за сите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска го презентираше пакетот на реформи во системот на социјална и детска заштита. Истакнувајќи дека, нај благодарен чин е некому безрезервно да помагаш, Премиерот Заев на денешната прес – конференција посочи дека Владата е посветена на ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот прес на Царовска и веќе обвинетиот за поткуп Заев е нов обид за купување на гласови за реферндумот

Денешниот прес на Мила Царовска и веќе обвинетиот за поткуп Зоран Заев е нов обид за купување на гласови ЗА Северна Македонија, поточно поткуп за претстојниот референдум. Почитувани слушаме само паушални бројки, звучни за немоќните и ранливите граѓани,  без конкретни услови и дефинирани критериуми и буџет. Уште едно неисполнето лажно ветување на СДСМ. Спротивно на европските трендови се најавува мерка ...

Read More »

Шекеринска во Радовиш: Македонија во клучните моменти никогаш не греши, на 30 септември ќе излеземе ЗА европска иднина

Шекеринска во Радовиш: Македонија во клучните моменти никогаш не греши, на 30 септември ќе излеземе ЗА европска иднина! Одлуката на 30 септември ќе ја донесат оние кои ќе излезат да гласаат. Пишуваме историја, а Македонија во клучните моменти никогаш не греши – рече министерката Шекеринска на трибината во Радовиш. – Не е патриотизам да се удираш во гради, туку да ...

Read More »

Заев и Матис: Одобрувањето на договорот од Преспа на референдумот ќе го обезбеди местото на земјата во НАТО како партнер рамен со сите други земји членки

Пречекан со највисоки државнички почести, Секретарот за одбрана на Соединетите американски држави Џејмс Норман Матис, во рамките на својата официјална посета на нашата земја, денеска оствари средба Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев. Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од членовите на владината делегација заедно со Заменичката претседателка во Владата на РМ и министерка за ...

Read More »

Заев од Охрид: Ова е најважниот глас во историјата на нашиот народ

-Овде, крај езерото, повеќе од 3.500 ученици се описмениле на Свети-климентовиот универзитет за потоа да патуваат низ Европа и да го шират словото и знаењето стекнато тука. Охрид бил голем центар на писменоста, културата и византиската уметност со векови. Ако е тоа така, кажете ми тогаш дали има поголем влог за одбрана на нашиот идентитет, од фактот што со нашата ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крие што прифатил Зоран Заев да менува во Уставот на Република Македонија

СДСМ крие што прифатил Зоран Заев да менува во Уставот на Република Македонија. СДСМ не му дозволува на Заев да се појави на телевизиско соочување со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ниту отворено да каже што ќе менува во Преамбулата членот 3 и членот 49 од Уставот, што е тоа „непријатно“ за македонскиот народ? СДСМ се плаши од споменување на ...

Read More »