Monthly Archives: September 2018

Коалицијата „Заедно за европска Македонија“ во Скопје: На 30 септември граѓаните ќе донесат татковинска, родољубска и историска одлука за европска Македонија

„Ни остана уште еден, последен чекор за остварување на сонот за европска Македонија“, истакна премиерот Заев на централниот настан на кампањата на Коалицијата “Заедно за европска Македонија” во Скопје. „Патриотизам е да ја осигураме иднината на нашата земја и нашите деца, Tука создаваме можности за нашите синови и ќерки – во Македонија. Тоа e патриотизам. Патриотски е да се осигураме ...

Read More »

Мицкоски во Штип: Ви се поклонувам на сите, да сте ми здрави и живи! И да победиме што е можно поскоро!

Добар ден Штип, Добар ден за верниот Исток, но и сите оние кои што од сите краишта на нашата мила мајка Македонија ни се придружија денеска, ова неделно после пладне. Добар ден за достоинствена, горда и пркосна Македонија, и добре ни дојдовте! Ми велат никогаш не треба лидерот и претседателот, неговите следбеници и следбениците на идејата да го видат на ...

Read More »

Османи и Винтон во заедничка посета на новиот мост и браната во Св. Николе

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со постојаниот координатор на Обединетите Нации и претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон, остварија увид на новиот мост и браната во Свети Николе кои се реконструирани со финансиски средства од ЕУ преку програмата за намалување на штети од поплавите, во реализација на УНДП. „Во периодот на непогодни климатски ...

Read More »

Премиерот Заев во Стрaзбур: Голема чест, и историски ден е можноста еден македонски премиер да се обрати пред Европскиот Парламент на својот мајчин јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска, на покана на Европскиот Парламент имаше свое обраќање пред европратениците на парламентарната сесија на парламентот во Стразбур.   Обраќањето на премиерот Заев, кој пред европратениците го најави Претседателот на ЕП Антонио Тајани, ви го пренесуваме во целост:   Почитуван претседателе на Европскиот Парламент Антонио Тајани, Почитувани членови на Европскиот Парламент, Почитувани ...

Read More »

Премиерот Заев и Могерини: Поддршката и отворените врати на ЕУ се инспирација за одлука на 30 септември со која граѓаните ќе се гордеат во сите идни години

Во посета на нашата земја престојува Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини која допатува заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој, пак, денеска имаше свое обраќање во Европскиот Парламент, како прв македонски премиер. Веднаш по  слетувањето на скопскиот аеродром, премиерот Заев и Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, ...

Read More »

Средба на Премиерот Заев со помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Арон Вес Мичел: Референдумот е шанса за остварување на нашите стратешки цели и затоа поддршката на САД е клучна

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров и своите соработници, денеска оствари средба со помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Арон Вес Мичел, кој беше придружуван од амбасадорот на САД во Земјава, Џес Бејли. На средбата Премиерот Заев уште еднаш се заблагодари за континуираната поддршка којашто Република ...

Read More »

Заев: Овој историски момент е поголем од сите нас, за иднината на нашите деца се работи

Независност и слобода. Тоа се стремежите за кои нашиот народ се бореше низ славното минато. 8 септември деведесет-и-првата (91-та), беше остварување на тој идеал, историски ден кога граѓаните, на референдум, избраа иднина во своја, самостојна и независна држава. Тогаш имав 17 години и знаев дека местото на Македонија е со западниот, со демократскиот свет, во Европа. Од тогаш поминавме низ многу ...

Read More »

Средба на Министерот за надворешни работи Димитров со Министерот за Надворешни Работи на Холандија, Стеф Блок

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок, кој престојуваше во возвратна посета на нашата земја. Ова претставува четврта билатерална средба на министери за надворешни работи на Република Македонија и Кралството Холандија за период од 15 месеци, што претставува потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу ...

Read More »

Заев и Тачи: Нас лидерите на Регионот не обединува иста цел, одржлив мир, економски развој, регионална соработка и членство во ЕУ

Претседателот на Република Косово Хашим Тачи денеска престојуваше во работна посета на Република Македонија и во рамките на агендата на посетата имаше средба со Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев. Премиерот Заев и косовскиот претседател Тачи имаа тет-а-тет средба по што следуваше билатерална сесија на која делегациите на двете земји ја потврдија досегашната одлична соработка и разговараа за ...

Read More »

Шекеринска во Злетово: Се изборивме за гарантиран и зајакнат македонски идентитет, македонскиот јазик ќе стане официјален јазик во ЕУ!

Поддршката која ја добиваме од светот денеска ни покажува дека лажна била тезата која ја слушавме минатите 10 години – дека светот е против нас! Во Македонија дојде најмоќниот Европјанин и најмоќната жена на светот да ни покажат дека Европа и Германија ги отвораат вратите за Македонија. Одлуката сега не е нивна, туку е наша. За само една година успеавме ...

Read More »