Monthly Archives: September 2018

Премиерот Заев на трибина со Стопанска комора на Македонија: Со членството во ЕУ и НАТО македонската економија забрзано ќе се развива

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска учествуваше на трибината „Перспективите на македонската економија од членството во ЕУ И НАТО“ во организација на Стопанската комора на Македонија којашто се одржа во кругот на фабриката Кромберг и Шуберт во индустриската зона Жабени, општина Битола, и на присуствуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со ...

Read More »

Премиерот Заев од Неготино: Оваа генерација, по 27 години, ќе одлучи да бидеме граѓани на ЕУ, политичарите ќе мора да ја почитуваат и спроведат одлуката во Парламентот

-Одлуката е сериозна и одговорноста се однесува на иднината на нашата татковина и на нашите граѓани. Да бидеме дел од светот, а не сами во светот. По 27 години, ред е да се интегрираме во ЕУ. Да го фатиме чекорот, да бидеме граѓани на ЕУ, повика премиерот Зоран Заев на граѓанската трибина во Неготино. Тој посочи дека 27 години политичарите говорат ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Никој нема право да се коцка со идентитетот, традицијата, историјата и културата на Република Македонија

Никој нема право да се коцка со идентитетот, традицијата, историјата и културата на Република Македонија. Никој нема право да се коцка и како влог да ги става името на државата, граѓаните на Република Македонија или тоа што ни го оставиле генерации пред нас кои не ги жалеле своите животи само за да се изборат за суверено парче држава, во кое ...

Read More »

Состојба на Патиштата 25.09.2018

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловоз. На 26.09.2018 (среда) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1105 на потегот од село Давидово до Удово од 09.00 до 17.00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува кај клучката кај село Миравци по стариот пат А1е. На местото на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна ...

Read More »

Османи и Маричиќ на Прес-конференција: Идната недела започнува подготвителната фаза од пристапните преговори во седиштето на Европската унија, објавуваме повик за пријавување на заинтересирани експерти кои ќе се вклучат во процесот

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската унија д-р Бујар Османи и посебниот советник за евроатлантски интеграции на претседателот на Владата на Република Македонија и главен технички преговарач и шеф на техничкиот преговарачки тим м-р Бојан Маричиќ, денеска одржаа прес конференција на која информираа за отпочнување на објаснувачкиот скрининг ...

Read More »

Премиерот Заев од Струмица: И НАТО и ЕУ носат економија и прогрес со повисоки плати, повеќе странски директни инвестиции и нови работни места!

„Струмица е во Европа, ајде Македонија да ја внесеме во Европа!“ ги повика своите сограѓани струмичани Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на граѓанскиот собир којшто се одржа на преполниот плоштад во Струмица зборувајќи за европската симболика којашто го краси струмичкиот плоштад на кој пред 11 години се поставени знамиња на земјите од ЕУ, на кој дефилираат гости ...

Read More »

СДСМ: Македонија избира иднина, постапката на Иванов е срамно бегство од одговорност

СДСМ реагираше на Изјавата на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во која тој вели дека на 30 септеммври нема да гласа и ќе го бојкотира референдумот. „Во клучната недела за иднината на државата и нејзините граѓани, Ѓорге Иванов одлучи да не ја напушта својата идеја за изолација на Македонија. Очигледно е дека Иванов е навикнат да им предизвикува проблеми ...

Read More »

Состојба на патиштата 21.09.2018

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани ...

Read More »

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Андреј Жерновски, денес се сретна со Ален Ле Роа, француски амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во земјата во 2001 – 2002 година, кој важи за голем пријател на Македонија. Евроатлантскиот интегративен процес на Република Македонија и претстојниот референдум беа во фокусот на дискусија помеѓу двајцата соговорници. ЗМНР Жерновски истакна дека Република Македонија се наоѓа пред историски момент и историска шанска за граѓаните да го трасираат патот на државата во иднина. Воедно, тој наведе дека нашата држава е на чекор поблиску до остварување на нашата стратешката цел , членство во ЕУ и во НАТО. Особено треба да не радува фактот што проектот за интеграција во Европската унија не обединува по етничка линија и тоа не прави уште посилни. Деновите кои ги живееме и одлуката пред која сме исправени е многу поголема и поважна од меѓусебните партиски битки, кои секако ќе ги продолжиме после 30-ти септември. Но, оваа тема и нашата заедничка и просперитетна иднина мора да не обедини сите, потенцираше Жерновски на состанокот. Информираше за реализираните реформи како и сериозните напори кои Владата ги презема во насока на отпочнување на преговори со ЕУ во 2019 г. и за членство во НАТО. Амбасадорот Ле Роа упати силна поддршка за престојниот Референдум, како предуслов за нашето конечно интегрирање во НАТО и ЕУ. Официјален Париз цврсто стои позади евроатлантските аспирации на Република Македонија, нагласи Ле Роа на состанокот. Македонија останува цврсто на својата одлука да стане полноправен член на европското семејство и членка на НАТО алијансата, што ќе биде од заемна корист како и ќе придонесе за целиот просперитет и стабилност на регионот.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во Вашингтон оствари средба со Потпретседателот на Соединетите американски држави Мајк Пенс. Премиерот Заев, придружуван од Заменик претседателот за европски прашања Бујар Османи, и министерот за надворешни работи Никола Димитров, на средба со Потпретседателот на Соединетите Американски Држави Мајк Пенс, и со членовите на неговата делегација, разговараа за актуелни политички прашања од ...

Read More »

Средба на ЗМНР Жерновски со Ален Ле Роа, француски амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во Република Македонија

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Андреј Жерновски, денес се сретна со Ален Ле Роа, француски амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во земјата во 2001 – 2002 година, кој важи за голем пријател на Македонија. Евроатлантскиот интегративен процес на Република Македонија и претстојниот референдум беа во фокусот на дискусија помеѓу двајцата соговорници. ЗМНР Жерновски истакна дека Република Македонија се наоѓа пред историски момент и историска ...

Read More »