Monthly Archives: September 2018

Завршно обраќање на Претседателот на Владата Зоран Заев до граѓаните на Република Македонија за референдумот на 30 септември

Почитувани граѓани, Во недела ќе се соочите со историска одлука. Треба да направите избор. Запаметете, тоа не е избор меѓу две политички партии. Тоа е избор за вашата иднина, за иднината на вашите деца. Тоа е избор за иднината на нашата сакана Македонија. Овој споменик, Македониум, нè потсетува дека македонскиот народ секогаш го правел вистинскиот избор: Во 1903 година за ...

Read More »

Османи, Дескоска и Маричиќ се обратија на отворањето на дводневниот скрининг за Поглавјето 23 во Берлејмонт: Подготвени сме за партнерство со ЕУ, друга алтернатива Македонија нема

Денеска формално започна објаснувачкиот скрининг за Македонија и Албанија, како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија. Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и главен политички преговарач и Шеф на Делегацијата за преговори со Европската унија д-р Бујар Османи, Министерката за правда Рената Дескоска и посебниот советник за евроатлантски интеграции на претседателот на Владата на ...

Read More »

Стартуваше изградбата на нова фабрика на компанијата Саген во ТИРЗ Скопје 1: Македонија станува посакувана дестинација за многу нови странски и домашни инвестиции

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за здравство д-р Венко Филипче и директорот на Дирекцијата на ТИР зоните, Александар Младеновски денеска присуствуваа на настан посветен на отпочнувањето на изградбата на фабриката на првата странска инвестиција ...

Read More »

Премиерот Заев од Крушево: На 30-ти септември со секој глас ЗА им обезбедуваме сигурна иднина на нашите деца

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев попладнево се обрати на граѓанска трибина во Крушево. Пред жителите на градот, кои се собраа пред Македониумот – едно од обележјата на Република Македонија, Премиерот Заев истакна дека како што во 1903-тата нашите дедовци храбро се бореле и пролеале крв за нашата татковина, така сега од нас се очекува храбра одлука со која ...

Read More »

Пуштена во употреба пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија: Со европските стандарди за заштита на водите и животната средина, Македонија е сè поблиску до европската заедница

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Сибил Сутер Техада,  амбасадорот на Република Грција, Димитрис Јанакакис, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, денеска се обратија на настан посветен на пуштање во употреба на пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија. Премиерот Заев заедно ...

Read More »

Премиерот Заев на средба со бизнисмени од Македонија, Грција и Бугарија: Овозможуваме услови да го проширувате вашиот бизнис, да внесувате иновативност, со што ќе се зголемува и економскиот развој на земјата

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска во Гевгелија се сретна со стопанственици од југоисточниот регион на Македонија и од Грција и Бугарија, со кои разговараше за економските придобивки од членството на Македонија во ЕУ и НАТО и од воспоставеното пријателство со Република Грција преку постигнувањето на договорот во Преспа. Премиерот Заев, кој беше придружуван од амбасадорот на ...

Read More »

Состојба на Патиштата 26.09.2018

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловоз. На 26.09.2018 (среда) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1105 на потегот од село Давидово до Удово од 09.00 до 17.00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува кај клучката кај село Миравци по стариот пат А1е. На местото на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна ...

Read More »

Средба на премиерот Заев со претседателот на словенечкиот Парламент, Жидан: Граѓаните на Македонија сега ја имаат можноста да одлучат за нивната иднина, членството во ЕУ и НАТО отвора економска перспектива

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и  неговиот советнички тим денеска се сретна со Дејан Жидан, претседател на Државниот збор на Република Словенија, придружуван од словенечка парламентарна делегација како и од словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Јазбец. Премиерот Заев, посакувајќи му добредојде на првиот човек на словенечкиот ...

Read More »

Отворањето на двата објекти за фитосанитарна и ветеринарна инспекција на граничниот премин Блаце гарантираат унапредување на безбедноста на храната

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар и директорот на Агенцијата за храна и ветерина, Зоран Атанасов, денеска официјално ги отворија објектите за ветеринарна и фитосанитарна контрола на граничниот премин  Блаце. Изградбата на овие два објекта е финансирана и спроведена ...

Read More »

Од 90-тата седница на Владата на Република Македонија: Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите; Започнуваат преговори за заемно признавање на професионалните квалификации за доктори по медицина, стоматолози, архитекти и градежни инженери меѓу земјите од Западен Балкан; Компанијата 11 Октомври – Еурокомпозит ќе добие 6 милиони денари

Владата на денешната редовна седница го прифати предлогот на министерството за образование и наука за поведување на постапка за водење на преговори за склучување на договор за заемно признавање на професионалните квалификации за доктори по медицина, стоматолози, архитекти и градежни инженери меѓу земјите од Западен Балкан. Целта на договорот е да се зајакне регионалната трговија на услуги, врз основа на ...

Read More »