
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.
Во меѓувреме, Агенцијата за национална безбедност и Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи истражуваат каде почнале да се шират дезинформациите за контаминираната вода во Скопјe.
Околу 18 часот во среда, Канал 5 објави дека шест лица биле приведени во полициски станици низ Скопјe за информативен разговор во врска со проблемот.