Водата во Свети Николе не е безбедна поради микробиолошки проблеми

Три дена во Свети Николе не се пие водата од водоводот. Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење.

При редовни неделни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа, и покрај утврденото присуство на резидуал хлор од 0,4 мг/л кој е главен индикатор за безбедна вода за пиење, се утврдени и микробиолошки отстапувања.

“Се работи за примерок земен од чешма која е на отворен простор во јавен објект, кој е непосредно до местото на дефектот, што во моментот се санира и уште еден примерок земен од внатрешна водоводна мрежа на комерцијален објект”, се наведува во соопштението од јкп комуналец свети николе, кое го сподели градоначалникот Владев.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *