Вести

Крај на законодавниот мандат: Парламентот заврши со 102 од 149 седници

Крај на носењето закони на овој парламентарен состав. Во 4 годишниот мандат одржани биле 149 седници, но комплетно завршени биле 102 – брифираше собранискиот спикер Јован Митрески. И ако вкупно биле донесени над 830 акти, сепак 139 не влегле во процедура или поради несвикување на комисија или поради голем број на поднесени амандмани. Сепак, овој парламентарен состав ќе присуствува на ...

Read More »

ОЛАФ бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година. Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, денеска ја извести јавноста дека е пристигнатото информативно писмо од страна на Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија со конечно ...

Read More »

Дискусии за реформи и визии за приспособување на Кривичниот законик

Измена на Кривичниот законик, визија, политичката одлучност и консензус за спроведување на тешки реформи се дел од препораките за кои се дискутираше денеска на тринаесетта сесија на Работна група – 4, Поглавје 24: Правда, слобода и безбедност. На сесијата на тема „Темелни права, правда и слободи преку призмата на механизмот за владеење на правото на Европската Унија“ што се одржа ...

Read More »

Тројца уапсени за убиството на лекарот Ацо Трповски

За убиството на Ацо Трповски досега се уапсени три лица. Како што изјави во четвртокот привремениот министер за внатрешни работи Панче Тосковски, во случајот за убиството на лекарот е приведено уште едно лице. „Претресот е завршен доцна синоќа. Продолжуваат другите истражни активности за правилно утврдување на фактичката состојба. Откако ќе имаме дополнителни информации, јавноста ќе биде навремено известена“, рече тој ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најавува договор за коалиција на следниве парламентарни избори

“Имаме принципиелни разговори и договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму како идна влада да функционираме врз основа на тој договор”, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за коалицирањето со помалите партии дел од нив и од владината коалиција. Причината, според него, за соработката е фактот што тие препознале во програмата добри работи. Социјалдемократите и нивните коалициските ...

Read More »

Државната комисија за спречување на корупцијата примила 20 претставки за изборни активности

Панел дискусија за засилување на соработката меѓу институциите, за проценка на изборните ризици. Државната комисија за спречување на корупцијата досега има примено 20-тина претставки за активности кои се однесуваат на изборниот процес. Нив им е даден приоритет и одлуките ќе бидат донесени во најкус можен рок, информира претседателката на комисијата, Татјана Димитровска, во рамки на панел дискусијата за засилување на ...

Read More »

Историска интеграција во НАТО: Министерката Петровска го опиша пристапот на Северна Македонија како историски момент

Министерката за одбрана Петровска беше меѓу учесниците на настанот по повод четвртата годишнина од интеграцијата на Северна Македонија во НАТО, што се одржа во средата. Таа ја опиша интеграцијата на Северна Македонија во Алијансата како историска. Шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин изрази благодарност за поддршката на Северна Македонија за кандидатурата на нејзината земја за НАТО. Шведска, додаде таа, ќе биде ...

Read More »

Заедничка амбиција за членство во ЕУ: Учесниците на амбасадорскиот состанок го потврдија стремежот кон Европската Унија

Учесниците на амбасадорскиот состанок по повод четиригодишнината од зачленувањето на Македонија во НАТО, ја истакнаа важноста од исполнувањето и на втората стратешка цел – членство во ЕУ. Според евроамбасадорот Дејвид Гир, за ова да се случи треба да се исполнат преземените обврски од францускиот предлог и да се спроведуваат реформите. „Стана вообичаено да се слушаат сирени кои велат дека земјава ...

Read More »

Државите учеснички на состанокот на ПСЈИЕ ја потврдија поддршката за интеграцијата во ЕУ

Приоритетите кои го обезбедуваат помирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евро-атлантските интеграции, но и зајакнувањето на демократијата, темелните права и вредности, владеењето на правото, борбата против корупцијата, безбедноста и климатските промени биле на агендата на денешниот министерски состанок на во Скопје, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по состанокот на министрите за европски прашања на земјите-учеснички на Процесот за ...

Read More »

Мистериозни активности: Јавниот обвинител не открива детали за постапките поврзани со лицата на црната листа на САД

​Активности се преземаат но кон кого и какви не се откриваат. Државниот обвинител Љупчо Коцевски прашан околу постапувањето на обвнителството во врска со лицата кои досега се најдоа на црната листа на САД, не сакаше да сподели повеќе детали. Нема јасен одговор ниту на прашањето дали стапиле во контакт со американските власти за евентулно да ги добијат доказите врз основа ...

Read More »