
Судскиот совет во средата одржа седница на која ја прифати документацијата на кандидатите што конкурираат за претседател на Апелациониот суд во Скопје и за претседател на Основниот суд во Струга.
Кандидати за раководната функција во Апелациониот суд се Зоран Герасимовски и Лидија Зимбовска, додека Танче Петревски е единствениот кандидат за функцијата во Струга.
Исто така, беа донесени одлуки за избор на претседатели на основните судови во Гостивар, Дебар и Свети Николе. За нов претседател на судот во Гостивар беше избран Мирослав Петровски, актуелниот вршител на должноста претседател, кој поднесе уредна и целосна документација. Во постапката учествуваше и Ељеса Алији.