Вести

Јакимовски не го потпиша кодексот заради отсуство на предизборни дебати

Шестмина кандидати за претседател на Северна Македононија денеска го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, со кој се обврзаа на почитување на изборните закони, правила и прописи, како и владеењето на правото при организирање и  спроведување на изборите. Потпис на кодексот не стави само претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски, кој изрази незадоволство што нема да се одржат предизборните мастер дебати, ...

Read More »

Пендаровски Откажува Мастер Дебати Заради Политички и Медиумски Пречки

Од изборниот штаб на Пендаровски велат дека нема да се одржат мастер дебати со сите претседателски кандидати. „Изминатиот период, преку интензивна комуникација на изборните штабови на сите седум претседателски кандидати беше постигнат консензус за одржување на две големи т.н. „мастер дебати“. На тој начин, во духот на демократијата и транспарентноста, јавноста ќе следеше отворена дебата за прашањата за кои се ...

Read More »

Села се враќа на челната позиција во партијата откако судот го потврди неговото водство

Зијадин Села ја добил правната битка за партијата со актуелниот претседател на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари. Со тоа, Села, кој неодамна со неговото крило му се приклучи на Европскиот фронт на Али Ахмети, се враќа на челната позиција во партијата. Арбен Таравари од Алијанса за Албанците се јави со реакција по објавта на крилото на Зијадин Села за одлуката ...

Read More »

Одложено рочиште: Градоначалникот на Куманово ќе се суди на 30 април за злоупотреба на положба

Во Основниот суд во Куманово на денешното прво судско рочиште против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, за злоупотреба на службена положба и овластувања, по кривична пријава поднесена од кумановските градежни фирми „Делукс ауто“ и „Хромак“ за случај со недобивање дозволи за градење на висококатници во Куманово, е одложено за 30 април. Градоначалникот Димитриевски изјави дека верува во институциите на системот и ...

Read More »

ОБСЕ: Препораки за фер постапки во правосудството

Фер и транспарентни постапки, посветеност, личен интегритет и заедничко делување се дел од препораките за враќање на довербата во правосудството кои беа истакнати на годишната судиска конференција на тема „Квалитетно правораздавање – Предуслов за обнова на јавната доверба“. На седмата по ред конференција која се одржа денеска во Скопје, по повод Денот на правосудството – 31 март, во организација на ...

Read More »

Приведени две лица за помагање во врска со нападот во Арачиново

Две лица се приведени под сомнение за помагање во врска со инцидентот кој се случи вчера во Арачиново, кога беше отворен оган врз градоначалникот на општината, Ридван Ибраими. Од МВР велат дека полицијата е на терен и постапува. Од скопското обвинителство, пак, велат дека во континуитет се издаваат наредби и насоки со цел расветлување на случајот. Вооружениот напад со огнено ...

Read More »

Напад во Арачиново: Градоначалникот и групата што го придружувала нападнати околу 13 часот

Нападот врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими и групата која го придружувала се случила околу 13 часот денеска. Веднаш по нападот, полицаец кој бил во групата како обезбедување на градоначалник им јавил на колегите за нападот. Покрај градоначалникот и полицаецот од обезбедувањето, во групата биле и возачот на градоначалникот и уште едно лице вработено во општина Арачиново. Се движеле пеш ...

Read More »

Сашо Мијалков излегува од затвор предвремено, ќе биде на слобода од декември

Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК излегува предвреме од затвор и ќе биде на слобода од декември, годинава. Одлуката денеска ја соопшти Кривичниот суд, откако Апелација ја уважи неговата жалба и предметот го врати пред првостепениот суд. Мијалков по спогодбата со обвинителството за случајот Империја доби три години затвор. Казната ја отслужува во затворот во Струга, откако ја смени адресата ...

Read More »

Изборните листи на СДСМ доставени до Државната изборна комисија, изјави Ковачевски

„Изборните листи на СДСМ денеска ќе бидат доставени до Државната изборна комисија“, изјави во понеделник лидерот на партијата Димитар Ковачевски. Очекува изборите да бидат демократски. Очекувам и кандидатот Стево Пендаровски да победи на претседателските избори, а коалицијата предводена од СДСМ да победи на парламентарните избори“, нагласи Ковачевски. Исто така во понеделникот, Бошњачката демократска унија (БДУ) се приклучи на предизборниот фронт ...

Read More »

Алијансата за Албанците финализира кандидатите за пратеници во соработка со ВЛЕН

Крилото на Алијансата за Албанците на чело со Арбен Таравари во понеделник ги финализираше своите кандидати за пратеници, кои ќе бидат дел од заедничките листи со коалицијата ВЛЕН. Крилото на Таравари ќе има само еден носител на листа, Салим Сулејмани во ИЕ 5. Во ИЕ 1 неговата партија ќе има кандидат на четвртата позиција. Сепак, ќе се направат дополнителни консултации ...

Read More »