Главни Вести

Средба на премиерот Заев и словачкиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Лајчак

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска, се сретна со  Мирослав Лајчак, претседавач на ОБСЕ и вицепремиер и министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, кој со делегација престојува во дводневна официјална посета на нашата земја. На средбата, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата ...

Read More »

Министерката Апостолска пред словачки бизнисмени ги претстави поволностите за инвестирање во земјава

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес во Владата на Република Северна Македонија прими словачка бизнис делегација предводена од Државниот секретар на министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка, Лукаш Паризек и амбасадорот на Република Словачка во Република Северна Македонија, Хенрик Маркуш. Во рамки на посетата, пред  делегацијата се претставија владините економски политики и можностите ...

Read More »

Премиерот Заев на Криволак: Нашата Армија покажува дека сме подготвени не само политички туку и воено, за стратешката аспирација, полноправно членство во НАТО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска го посети  армискиот полигон Криволак, каде се одржа „Ден на високи гости“ во рамки на вежбата „Одлучен удар“.   Премиерот Заев за заинтересираните медиуми даде изјава и одговори на прашање, кои Ви ги пренесуваме интегрално:   „Останува, навистина целосно да се согласам и да го споделам исто моето задоволство, заедно со Претседателот ...

Read More »

Објавен јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани во Свети Николе и Македонски Брод – Вицепремиерот Анѓушев: Едноставна процедура за аплицирање

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на презентација на јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани со инсталирана моќност од 35 MW, кои се планирани да се градат на државно земјиште во Азамбегово (Свети Николе) и Манастирец (Македонски Брод), настан кој се организираше во Стопанската комора на Македонија од страна на Македонската енергетска ...

Read More »

Претседателот Пендаровски го прими амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.   Соговорниците констатираа дека односите меѓу Северна Македонија и Бугарија бележат континуиран позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави.   Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени силната и недвосмислена поддршка од Република Бугарија за ...

Read More »

Министерот за локална самоуправа Фазлиу на Форум на градови и на региони во Полска: Градовите и регионите дел од агендата на Берлинскиот процес

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу учествува на Форумот на градови и на региони “Инвестирање во Западен Балкан –Инвестирање во Европа, што  се одржува во Жешов, Полска. Форумот има за цел да им помогне на земјите од Западен Балкан во процесот на интегрирање во Европската Унија и во економската трансформација. Министерот Фазлиу во своето обраќање изрази благодарност за подршката на ...

Read More »

Обраќање на претседателот Пендаровски на регионалната конференција на Подгоричкиот клуб на тема „Проширувањето на Европската Унија на крстопат“

Како Претседател на Република Северна Македонија ми претставува задоволство да учествувам на оваа регионална конференција на Подгоричкиот клуб, и тоа поради две причини.   Регионалната соработка е клучна за развојот на нашите држави. Неопходно ни е поврзување на сите нивоа, од политичко, економско, се до инфраструктурно. Во нашиот регион постојат многу регионални иницијативи во кои учествуваат актуелни претседатели, премиери и ...

Read More »

Од 138 седница на Владата на РСМ: Утврден План за реализација на краткорочните приоритети од Извештајот на ЕК

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 138 седница ја разгледа Информацијата за клучните наоди и препораки од Извештајот на Европската Комисија за Република Северна Македонија за 2019 година, и ги усвои заклучоците што ги предложи Секретаријатот за европски прашања.   Согласно заклучоците, Владата на РСМ го задолжи Секретаријатот за европски прашања да подготви План за реализација на краткорочните ...

Read More »

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет пристигнаа во официјална посета на земјата

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и делегација на Владата на Република Северна Македонија, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје, го пречекаа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и амбасадорите на земјите членки на Алијансата, членови на Северноатлантскиот совет кој утре во нашата земја ќе го одржи својот редовен состанок со теми од програмата за работа на советот.   Во рамките ...

Read More »

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски го прими амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние.   На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, како и информации за актуелните состојби во двете држави, и за случувањата во регионот.   Претседателот Пендаровски изрази задоволство од развојот на соработката меѓу двете држави, што ...

Read More »