Главни Вести

Претседателот Пендаровски присуствуваше и се обрати на традиционалната манифестација „Галичка свадба“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска присуствуваше и се обрати на 46. манифестација „Галичка свадба“, којашто се одржува под негово покровителство.   Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.   Почитувани присутни,   Чест и задоволство ми е што сум покровител  на годинешната Галичка свадба, не само како Претседател, ...

Read More »

Премиерот Заев на средбата со амбасадорот на Руската Федерација Бездникин: Измамата на руските граѓани нема никакво влијание на односите меѓу двете земји

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја Сергеј Александрович Бeздникин.   Средбата е остварена непосредно по свеченоста по повод пуштањето на новиот објект на компанијата Лукоил, што ги потврдува развојните планови на оваа руска компанија и укажува на можностите за унапредување на натамошната економска соработка меѓу двете земји. ...

Read More »

Средба на премиерот Заев со холандскиот амбасадор Пломп: Република Северна Македонија напредува

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Вилем Ваутер Пломп, амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, кој го завршува својот мандат во земјава.   На средбата е констатирано дека нашата држава бележи сериозен напредок во последните две години, при што е нагласена улогата на премиерот Заев во позитивните процеси. Меѓу постигнувањата се посочени ...

Read More »

Средба на претседателот Пендаровски со турскиот претседател Ердоган во Сараево

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Сараево, денеска оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.   На средбата беше изразено задоволство од силното партнерство меѓу двете држави, и од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, како на политички, така и на економски ...

Read More »

Премиерот Заев се сретна со претставничката на УНХЦР во земјата: Северна Македонија ќе продолжи да остварува интензивна соработка со канцеларијата на УНХЦР

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска во својот кабинет се сретна со претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата земја, Моника Сандри.   На средбата, позитивно беше оценета досегашната соработка на УНХЦР и Република Северна Македонија и во таа насока се разговараше за тековните програми на Канцеларијата на УНХЦР во земјата и ...

Read More »

Средба на премиерот Заев со американскиот конгресмен и претседател на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Енгел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со конгресменот од САД, Елиот Енгел, претседател на Комисијата за  надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, придружуван од американска делегација и од претставници на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.   На средбата е оценето дека Република Северна Македонија се движи по вистинската патека. Изразени се честитки и поддршка за политиките на ...

Read More »

Вицепремиерот Анѓушев на Самитот за Западен Балкан во Познањ

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, Сојузниот министер за економија и енергетика на СР Германија, Петер Алтмајер, Министерката за претриемништво и технологија на Република Полска, Јудвига Емилевич и Заменичката министерка за економија на Република Бугарија, Лилја Иванова, во рамките на Самитот за Западен Балкан, одржаа прес–конференција на која обзнанија дека ...

Read More »

Премиерот Заев, министерот Сугарески и директорот на ЈПДП Китанов: Со изградба на стотици километри нова патна мрежа, реконструкција на постојната и со модернизацијата на патарините создаваме услови за брз и безбеден транспорт на нашите граѓани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов денеска и официјално го означија почетокот на работата на Контролниот центар за патарини и патишта, стациониран кај наплатниот пункт Петровец.   Истакнувајќи дека стратешките капитални проекти за патно, железничко и енергетско поврзување на земјата ...

Read More »

Генералниот секретар на Владата на Северна Македонија Рашковски: Не сум учествувал во незаконски дејствија, делегиран бев од Владата, главната определба на Владата е безбедност во воздушниот сообраќај и простор

Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија Драги Рашковски, денеска, одржа прес-конференција на којашто ги образложи фактите и аргументите во врска со, како што нагласи, објавената верзија на аудио запис за процедурата за набавка на радарски систем за летање за потребите на АД „М-НАВ“.   „Во врска со објавената верзија од аудио записот, снимен на состанокот, одржан на 18 ...

Read More »

Трибина „Ветинг во МВР“

„Ветингот е процес во кој што преку систем на институционализирани проверки на вработените ќе се процени соодветноста на вработените не само за нивната работна позиција туку и во поглед на нивното етичко, но и кривично-правно поведение, а “вис-а ви“ функцијата што ја извршуваат или треба да ја извршуваат.  Поентата на овој механизам е да овозможи индивидуален, но и институционален интегритет ...

Read More »