
Во понеделникот, премиерот Мицкоски телефонски разговараше со Илија Срдановиќ, кој беше носител на листата „Студентска листа“ на вонредните парламентарни избори во Србија.
„Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победата, и му посакав успех во периодот што претстои. Верувам дека добрите меѓудржавни односи, заемната почит и соработката ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете земји“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Од друга страна, лидерот на СДСМ, Филипче, честитајќи им на српските граѓани за изборниот исход, ја обвини владата предводена од Мицкоски дека е поврзана со структурите на Српската напредна странка преку, како што ги нарече, коруптивни шеми во енергетскиот сектор и трговија со дрога.
Сепак, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата. Ако Филипче мисли дека истата лага, повторена 1.000 пати, ќе стане вистина – тоа едноставно не е така, порачаа од партијата.