Судење за пожарот во Кочани: Заврши сведочењето на Русески

Во средата се одржа ново рочиште во рамките на судењето за пожарот во Кочани. На него заврши сведочењето на Петре Русески, вештак од градежната струка, предложен од сопственикот на „Пулс“, обвинетиот Дејан Јованов.

За време на вкрстеното испрашување од страна на одбраната, тој повтори дека објектот бил изграден во согласност со техничката документација и дека физичката состојба на зградата не била причина за пожарот. Она што предизвика најбурна реакција во судницата беше неговиот исказ, според кој ноќниот клуб немал спуштен таван.

Следното рочиште за овој случај е закажано за 3 ноември, кога треба да биде сослушан сведок на одбраната од компанијата што ја извршила реконструкцијата на ентериерот во ноќниот клуб.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *