Вести

Апелација: Поблаги казни за обвинетите во предметот Титаник за изборни нерегуларности

Апелација пресуди поблаги казни за обвинетите кои признаа вина во предметот Титаник за изборни нерегуларности. Затворските ги замени со условни за Гордана Јанкуловска и Мунир Пепиќ. Повисокиот суд ја потврди условната казна и за Мартин Протуѓер, а ја намали за Миле Јанакиески, кој наместо четири и пол ќе треба во затвор да помине три и пол години. Сите беа гонети ...

Read More »

Сопругите на починати пациенти ги изразуваат сомнежите за лекувањето во „Жан Митрев болницата

За време на денешното рочиште, две сопруги на починати пациенти одговараа на прашања од обвинителството и одбраната на Митрев околу процедурите и начинот како дошле до лекување во клиниката на Жан Митрев. При директното и вкрстеното испрашување, посебен акцент се стави на лекувањето на корона вирусот со хемофилтрацијата. Оштетената Александра Нешевска Димовска истакна дека не и било кажано дека за ...

Read More »

ШУКОВА од Брисел: Со учество во Програмата ЛАЈФ отвoривме пристап до нови европски финансиски механизми

Денеска, во Брисел, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари билатерална средба со европскиот комесар за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус на која е потпишан Договор меѓу Европска Унија и Република Северна Македонија за учество во Програмата на Унијата ,,Живот” (LIFE) за заштита на животната средина и климатски активности.  Програмата LIFE е инструмент за финансирање ...

Read More »

ТРЕНЧЕВСКА ДОГОВОРИ ЗА ГРАДИНКИТЕ

Во Министерството за труд и социјална политика, денес се потпишаа договори за соработка и договори за групна набавка со општините Карбинци, Дебар и Македонски Брод од страна на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалниците на општините. dobivaj vesti na viber Договорите за соработка и за групна набавка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина ...

Read More »

АЛИУ ЗА ЗАКОН ЗА МЕДИУМИ

Се анализираат коментарите, критиките и сугестии по втората фаза од Законот за медиуми (Закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги) кои стигнале во голем број до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). -Се надевам дека за две недели ќе имаме драфт. Во прашање ни се национални телевизии, локални, оператори… Нема сите да бидат задоволни колку што сакаат, но ...

Read More »

ЈО ЗА МЕРКО И ФЕНИКС

Обвинителските папки со името на струшкиот градоначалник под опсервација. Се истражува, како, домашните институции не го препознале влијанието врз правосудството заради кое Рамиз Мерко се најде на американската црна листа. Од обвинителството за Сител велат работат посветено. Посетиле три обвинителства, се проверувало почитувањето на рокови и процедури за да се открие дали Мерко одлучувал за судбината на предметите со негово ...

Read More »

НА КОВАЧЕВСКИ МУ Е ЈАСНО ШТО САКАЛ ДА КАЖЕ ШОЛЦ

Гласањето на уставните измени не треба да бидат предмет на дневно политичка дебата и тема на којашто се добиваат дневни политички поени, од избори до избори, туку тоа да бидат предмет на општествен консензус, бидејќи со нив се обезбедува побрза интеграција на државата и на ЕУ и пред се подобар животен стандард за граѓаните, порача премиерот Димитар Ковачевски од Берлин. ...

Read More »

КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ ТВРДИ ДЕКА НЕМА НИШТО СПОРНО ВО РАБОТАТА
НА ИЗВРШИТЕЛОТ ВО СЛУЧАЈОТ СО АВСТРИСКАТА ФИРМА

Нема вина кај извршителот од Кавадарци кој ја водел извршната постапка, а преку која валандовската фирма Глобал трејд наплатува долг од Дена продукт, тврди првиот човек на комората на извршители Ванчо Марковски. Токму оваа постапка го разлути австрискиот амбасадор во земјава Георг Вуцас, кој побара одземање на лиценците на сите инволвирани судии, обвинители, нотари и извршители, тврдејќи дека го злоупотребиле ...

Read More »

ГРКОВСКА–МАТУЕЛА: МОРА ДА СЕ ИСКОРИСТИ НОВИОТ МОМЕНТ ВО
ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ

Во рамките на работната посета на Брисел заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Микела Матуела, вршителка на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија. Разговорот се фокусира на прашањето на уставните измени и динамиката со која се одвива реформскиот ...

Read More »

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ МЕЃУ ЈО И ОБСЕ

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, и амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје, денеска потпишаа меморандум за разбирање меѓу двете институции за спроведување заеднички проектни активности во периодот 2023-2025 година. Целта на меморандумот е да се создаде правна рамка за идната соработка во клучни области. Соработката меѓу Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ...

Read More »