НА КОВАЧЕВСКИ МУ Е ЈАСНО ШТО САКАЛ ДА КАЖЕ ШОЛЦ

Гласањето на уставните измени не треба да бидат предмет на дневно политичка дебата и тема на којашто се добиваат дневни политички поени, од избори до избори, туку тоа да бидат предмет на општествен консензус, бидејќи со нив се обезбедува побрза интеграција на државата и на ЕУ и пред се подобар животен стандард за граѓаните, порача премиерот Димитар Ковачевски од Берлин. Пораката на германскиот канцелар Шолц, според Ковачевски, била исклучително јасна дека Германија останува еден од најпосветените партнери којшто дава најголема и најсилна поддршка на земјите од Западен Балкан. – Канцеларот беше многу јасен дека Германија стои зад нас и дека она што е договорено со 27-те земји членки на ЕУ и е дел од Преговарачката рамка, практично е она, до што се придржуваат земјите членки и на ЕУ., Гаранција се земјите членки на ЕУ, 27-те земји членки и особено оние коишто се најголеми и најмоќни во ЕУ, а тука спаѓа и Германија, изјави денеска Ковачевски. Посочи дека била изразена и германската поддршка во однос на гласањето на уставните измени за вклучување на други делови на народи вклучително и на бугарскиот народ во Преамбулата на нашиот Устав. – Тоа е одлука што треба да се донесе до завршување на скринингот со цел процесот да не застане и да може Северна Македонија непречено да ги продолжи отворањата на поглавјата и реформите што ќе следуваат, за што повторно ќе бидат потребни две третини во Собранието во делот на реформата на правосудството, јавната администрација, медиумите. Се се тоа закони што се менуваат со две третини мнозинство. Затоа велам дека овој тип на гласање и реформи не треба да бидат дел од дневно политичка дебата, рече Ковачевски. Повтори дека уставните измени се процес којшто не треба да се брза, туку треба да помине низ широка општествена дебата. Тој потсети дека на лидерската средба беа прифатени сите барања кои ги имаа ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател Христијан Мицкоски и напомена оти сега треба им да се даде простор тој процес кај нив да се усогласи, и да може да се приклучат кон процесот на носењето на уставните измени. -Сметам дека опозицијата треба да се вклучи во овој процес. Овој процес не е процес на еден човек, на една Влада или на една политичка партија. Ова е широк општествен процес каде што се носат и ќе се носат одлуки во иднина, за кои е потребно дво третинско мнозинство, без разлика која политичка партија е на власт. Сите пратеници во Собранието имаат обврска да работат за граѓаните бидејќи нив граѓаните ги избрале и мислам дека има капацитет нашето Собрание да донесе таква одлука, рече Ковачевски. Како што напомена, постои доволно време пред нас, за предлогот да биде доставен до Собранието. Тој потенцираше дека предлогот треба да се разгледа во Собранието преку демократска дебата. Согласно Преговарачката рамка, како што посочи, уставните измени треба да бидат донесени до денот на одржување на Втората меѓувладина конференција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*