Вести

Редовна 14-та седница на Владата

Владата на Република Северна Македонија денеска, 15.2.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 14-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните. Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се разгледува Информацијата за програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија. На седницата за ...

Read More »

Работните групи на Владите на Северна Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, денеска, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се одржаа и одделни состаноци на работните групи утврдени за време на официјалната посета на премиерот Петков на Скопје. Работната група која ја опфаќа соработката во економијата, енергетиката, финансиите, иновациите и развојот, инвестициите и земјоделството ...

Read More »

Ковачевски во Брисел на средба со млади професионалци од Северна Македонија во Белгија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на Брисел, каде се наоѓа во дводневна работна посета се запозна и поразговара со млади професионалци од нашата земја, кои работат во меѓународните институции и приватниот сектор во Кралството Белгија. На средбата, премиерот Ковачевски придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и амбасадорката ...

Read More »

Милевски: Започнува имплементацијата на големи, иновативни проекти во 8 општини во државата

На првата седница на Управниот комитет на проектот “ЕУ за општините” со кој претедава министерот за локална самоуправа, Горан Милевски беше потврдено дека во наредните три години во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје ќе се реализираат големи иновативни проекти во вкупна вредност од 5,5 милиони евра. Средствата за реализација на проектите ги обезбедува Европската ...

Read More »

Започнаа државните одбележувања по повод 150-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, во рамките на државните настани за одбележување на 150-годишнината ...

Read More »

Ковачевски – Мецола: Поддршката на Европскиот парламент е значајна за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан

Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски оствари средба со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, на која присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Премиерот Ковачевски ѝ го честиташе изборот на Роберта Мецола за претседателка на Европскиот парламент (ЕП), и изрази благодарност за континуираниот ангажман и подготвеност ...

Read More »

Премиерот Ковачевски се сретна со претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, покрај програмата за неговата официјална посета на Република Бугарија одржа уште неколку активности, меѓу кои и средбата со Бојко Борисов и раководството на партијата ГЕРБ. На средбата, на која присуствуваа и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска, заменик-претседателка ...

Read More »

Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на владината делегација на Северна Македонија на Република Бугарија. На средбата беше истакнато дека динамиката со која се реализира заедничката седница како и почетокот на активностите на работните групи ја потврдува заложбата на двајцата премиери да бидат поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните ...

Read More »

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50% повисока дневница

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен ден“. Вработените на оваа компанија, која заради сложениот производствен процес мора да работи и во недела, добиваат дополнителни 50% од основната дневница. Со тоа просечната плата на оние вработени кои работат во недела во оваа компанија порасна“, рече премиерот Димитар ...

Read More »

Министерот Николовски потпиша нови 900 договори за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во 20 општини

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска потпиша нови 900 договори за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари. Овие договори се за двата јавни повици објавени во август 2021 година за површини во Битола, Македонски Брод, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Велес, Берово, ...

Read More »