Главни Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски или нека прашува во ДУИ пред да каже нешто или нека излезе и да го укори Османи ако е премиер

Ковачевски и Османи да се договорат кој став е официјален, може да се продолжи важењето на пасошите или не?, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, a по изјавата на министерот дека не треба да им се дава на граѓаните лажна надеж за пролонгирање на рокот за пасошите. „Или Ковачевски нека прашува пред време во ДУИ што може да каже во јавноста, ...

Read More »

Владата одобри американските „црни листи“ да влезат во закон

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку својот Фејсбук профил соопшти дека Владата на денешната седница ги одобрила измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои, како што вели, американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции. Шефот на дипломатијата Османи минатата недела на брифинг со медиумите информира дека  МНР почнува јавна расправа по однос на ...

Read More »

Јан Коп на средба со Дамева, ќе ја врати помошта за судски совет

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп денеска се сретна со Весна Дамева, претседателка на Судскиот совет  која беше незаконски сменета, па вратена на функцијата со одлука на Управниот суд. “Амбасадорот Коп е задоволен што Судскиот совет повторно е легален субјект. Сега е од големо значење и итност да се започне со враќање на довербата на јавноста и на меѓународната заедница во ...

Read More »

Измами со лажни фактури: Откриени обиди за измама со ДДВ и данок на личен доход

Компании регистрирани за трговија со нафта и нафтени деривати од липковско-кумановскиот регион се обиделе со лажни фактури да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на данок на личен доход од УЈП. Двете првично имале ист сопственик и ист сметководител, но во критичен момент го смениле сопственикот и управителот и сега на тие позиции фигурираат една Хрватка и еден ...

Read More »

Стоилковски пред Суд: Граѓаните ќе се спасат од ужасните редови и гужви пред шалтерите на МВР

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во име на партијата до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста на член 3 од Законот за исправите за лична идентификација и член 5 од Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата. „Ги поднесовме овие иницијативи и очекуваме Уставниот суд да донесе времени мерки за овие членови од законот, со кои граѓаните ќе ...

Read More »

Домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје определи мерка домашен притвор за лицето осомничено за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, соопшти денеска Јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираат оттаму, ќе вложи жалба на ваквата одлука. Вчера, надлежниот јавен ...

Read More »

Гир: ЕУ не размислува за промена на преговарачката рамка

Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, изјави дека пристапните преговори на Македонија со Унијата се веќе отворени во јули 2022 и дека сега треба да се направи уште следниот чекор – уставните измени, кои се дел од преговарачката рамка. Во интервју за МИА тој ги отфрли споредбите со „кафето на Орбан“ кога се носеше одлуката за преговорите на ЕУ со Украина ...

Read More »

Куќен притвор за четворица осомничени за инцидентот во М-НАВ

Кривичниот суд одлучи делумно да ја прифати жалбата на Јавното обвинителство (ОЈО) за мерките определени за осомничените за инцидентите во М-НАВ, а на четворицата обвинети од ОЈО им определи куќен притвор, меѓу кои и поранешниот министер од ДУИ, Беким Незири. Незири дојде во Кривичниот суд да присуствува на рочиштето за жалбата, а во текот на рочиштето неговиот адвокат Еленко Миланов ...

Read More »

Презентирани измените на Законот за рестриктивни мерки

Шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференција ги презентираше Предлог-измените на Законот за рестриктивни мерки, кои доколку бидат усвоени, ќе ги вградат црните листи на САД и Велика Британија во законодавниот дом на Северна Македонија. Според текстот на законските измени, откако САД, ОК или ЕУ ќе назначат држава или избран функционер од Северна Македонија и ќе воведат санкции против нив, ...

Read More »

Холандскиот амбасадор му најавил на Ахмети вето ако се меша во врховниот суд

Амбасадорот на Холандија во земјава, Дирк Јан Коп упатил жестока порака на средбата со претседателот на ДУИ – Али Ахмети. Амбасадата на Холандија на својот Фејсбук профил информираше дека на средбата Јан Коп му пренел порака на Ахмети – дека по континуираниот двегодишен пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена. Непотребното политичко ...

Read More »