Завршни зборови на судењето на осомничен сериски убиец

Во вторникот, во Основниот суд во Куманово се одржаа завршните зборови на судењето против осомничениот сериски убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој се товари за четири убиства и два обиди за убиство.

Обвинителот Љубомир Лапе побара максимална казна доживотен затвор. Тој наведе дека обвинетиот ги избирал жртвите според полот, ги демнел и ги напаѓал со цел да ги задоволи своите некрофилни нагони.

Бранителот по службена должност, Тони Цветковски, го започна своето завршно излагање со изразување сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски. Тој се осврна на тврдењето на Бојковски дека не го извршил убиството на покојната Станче Каревска од селото Клечовце. Објавувањето на пресудата е закажано за петок.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *