Вести

Собранието го обележува четвртата годишнина од зачленувањето во НАТО

Собранието подготвува Декларација за одбележување на четиригодишнината од зачленувањето на земјава во НАТО, а денеска претседателот на Собранието организирал средба во Клубот на пратениците на која присуствувале тројца поранешни премиери и поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска. “Четири години од нашето зачленување во НАТО, се покажа дека сме донеле храбри и мудри одлуки во интерес на безбедна и просперитетна иднина ...

Read More »

Норвешка донација: 76 воени возила за Северна Македонија

Норвешка испрати донација од 76 воени возила за Северна Македонија. Транспортот на 40-те камиони и 36 лесни пешадиски возила започна во понеделникот на пристаништето Оркангер. 76-те возила ќе бидат транспортирани до Солун со брод. Донацијата, објасни Норвешката амбасада, ќе биде искористена за опремување на Лесниот пешадиски баталјон. „Донацијата ја симболизира важноста на НАТО солидарноста и соработката меѓу членките. Способноста на ...

Read More »

Потпишан договор за коалиција: Европски фронт предводен од четири партии

Претседателите на четири партии денеска во Тетово потпишаа договор за коалицирање на претстојните парламентарни избори. За коалицијата наречена Европски фронт со потпис се обврзаа Али Ахмети од Демократската унија за интеграција (ДУИ), Мендух Тачи од ДПА, Аријанит Хоџа од Европска демократска партија и Скендер Реџепи-Зејди од партијата Народно движење. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека очекува голема победа, која ...

Read More »

СДСМ критикува ВМРО-ДПМНЕ: ‘Ништо од ветувањата не е исполнето

СДСМ упати жестоки критики за изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, на прес-конференција во понеделникот рече дека главниот град Скопје и над 40 општини управувани од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ најдобро се пример за неговите лажни ветувања. „Тие би ветувале модерни општини, бесплатен превоз, еколошки автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, училишта, улици, водоводи. Но, поминаа 2,5 години, ...

Read More »

Гласање на иселениците: Спремни да изберат претседател од 24 земји

Можност да заокружат еден од седумте кандидати за претседател ќе имаат и иселениците, иако поради слабиот одѕив за гласање, ќе гласаат само за претседател. Прифатени се пријавите на само 2681 наш иселеник, но сепак гласање ќе се организира во 24 земји. Пресметките на трошоците ќе се прават дополнително, но проценките се дека веројатно ќе се потрошат околу еден милион евра ...

Read More »

Претседателски избори: Силјановска Давкова предводи со 36% според Јуроп електс анкета

Јуроп електс утрово објави најнова анкета за претседателските избори во земјава. Според анкетата на прво место е кандидаткта на ВМРО ДПМНЕ Гордната Силјановска Давкова која би освоила 36% од гласовите. На второ место е Стево Пендаовски кој би освоил 29%, трет на листата е Таравари со 14%, зад него е Османи со поддршка од 10 % од избирачите. Според анкетата ...

Read More »

Судиите од врховен не прифатија иницијатива за примена на амнестијата во предметот за упадот во собранието на 27 април

Судиите од врховен не ја усвоија иницијативата да одлучат дали амнестијата за упадот во собранието треба да се примени во предметот организатори на 27 април. На денешната седница, заклучено е дека таквата иницијатива поднесена од адвокатот на Владимир Атаносовски, не се прифаќа. Од судот појаснуваат дека не можел врховен да толкува дали амнестијата е применлива и за други лица, бидејќи ...

Read More »

Македонија треба да надмине 2,05% од БДП за одбрана, според НАТО

Македонија како држава, оваа година треба да стигне и да го надмине НАТО договорениот процент за одбранбени трошоци кои во 2024-тата треба да бидат 2,05 % од Бруто домашниот производ. Во моментот, најголем „инвеститор“ во одбраната во западниот Балкан е Србија, но оваа година според Балкан Дифенс монитор, водството ќе го преземат НАТО членките, Македонија и Албанија.

Read More »

СДСМ го одржа својот 28. Конгрес во Скопје, каде што утврди кандидатските листи за предстојните парламентарни избори

СДСМ вечерва во Скопје го одржа својот 28. Конгрес на кој беа утврдени кандидатските листи за претстојните парламентарни избори како и изборната програма. Листите претходно едногласно биле прифатени на Извршниот и Централениот Одбор, а од партијата ги демантираа информациите за наводно незадоволство. Носител на листата на партијата и коалицијата во првата изборна единица е Димитар Ковачевски а како втора ко-носителка ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ формира предизборна коалиција со седум партии, вклучувајќи ги некои досегашни коалициони партнери на СДСМ

Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ објави дека седум партии, од кои дел досегашни коалициони партнери на СДСМ, донеле одлука и преминуваат во предизборна коалиција со нив а за уште една пратија за која засега не сакаат да го откриваат името се чека деновиве да донесе финална одлука. Партиите со кои ќе се проширува опозициската коалиција се Социјал демократската унија, Обединета ...

Read More »