Monthly Archives: January 2024

Првата координација на претседателот Митрески по изборот

Претседателот на Собранието Јован Митрески, ја одржа првата редовна понеделничка координација, по изборот на функцијата. Како што соопштуваат од Собранието, покрај претставниците на пратеничките групи во Собранието, на координацијата присуствуваа и потпретседателите Горан Мисовски и Хусни Исмаили, генералната секретарка Цветанка Иванова и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како претставник на Владата. Присутни беа и заменик-координаторот на ПГ на СДСМ ...

Read More »

Средба на Митрески и амбасадорот Гир – продолжување на одличната соработка со Европската Унија

Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска оствари средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир. На средбата беше констатирана одличната соработка која во континуитет се одржува од страна на Европската Унија, а која ќе продолжи и во периодот што следи пред одржувањето на престојните парламентарни избори. Амбасадорот Гир изрази безрезервна поддршка за новоизбраниот претседател ...

Read More »

Вработените во Фондот за здравство излегоа на протест барајќи заштита на своите плати

Вработените од Фонд за здравство денеска излегоа на мирен протест да го изразат својот страв од евентуално намалување на нивните плати. Препораката била на владата а одлучува Управниот одбор на Фондот веќе по шести пат. Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, Трпе Деаноски порача дека Владата нема ингеренции да бара ништо од Фондот ...

Read More »

Прогласен Законот за употреба на македонскиот јазик: Претседателот Пендаровски го потпиша указот

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик, што во петокот го донесе Собранието на Република Северна Македонија. Донесениот закон ќе придонесе за подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, за афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на ...

Read More »

Состојба на патиштата 29.01.2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по на места влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи ...

Read More »

Изгласана техничка влада во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ се воздржа од гласање

Со 65 гласа за и 3 против, Собранието ја изгласа техничката влада за спроведување на изборите предводена од досегашниот спикер Талат Џафери. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и покрај тоа што предложи технички министри за внатрешни работи и за труд и социјала, не гласаше за составот на владата, а албанската опозиција ја бојкотира работата на Парламентот, па воопшто не присуствуваше. Според законот, техничка ...

Read More »

Пет нови лица во техничката влада на ВМРО-ДПМНЕ: Најавување за чесно водење и трансформација

Во стоте дена техничка влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на консолидација на гласовите против владата која што ја предводат СДСМ и ДУИ се до обезбедување на 61 пратеник – првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски на дебата „Важно е“ ги промовираше петте министерски и заменички имиња во техничката влада. Најавува целосна трансформација на Македонија со различно водење на институциите, работејќи чесно, ...

Read More »

Претседателката Дамева и амбасадорката Агелер разговараа за предизвиците во македонското судство

Проблемите и предизвиците во судскиот совет и судството биле во фокус на средбата меѓу претседателката Весна Дамева и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер. „Амбасадорката Агелер посебно ја истакна потребата за борба со корупцијата, независното, ажурното и непристрасното одлучување на Судскиот совет и судовите, а со цел обезбедување на владеење на правото и даде силна поддршка на Судскиот совет во ...

Read More »

Ковачевски го потпиша законот за рестирктивни мерки пред завршување на мандатот

Законот за рестирктивни мерки е последниот документ кој добил потпис од Ковачевски, вчера, на последниот ден од неговиот мандат. Законот патува до Собранието и покрај тоа што доби бројни критики од правните експерти, но и од државни институции. Останува негативното мислење од Секретаријатот за законодавство и од Министерството за правда. Иако владата од јавноста се уште ја крие конечната верзија ...

Read More »

Укината пресудата за ‘Талир 2’: Повторно судење за Груевски и Божиновски

Апелациониот суд Скопје поради измените на Кривичниот законик во делот на кривичното дело од член 353 од КЗ, ја укина првостепената пресуда за случајот „Талир 2“ и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. За „Талир 2“ беа осудени поранешниот премиер во бегство Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, за изградбата на седиштето на ...

Read More »