Monthly Archives: January 2024

Состојба на патиштата 12.01.2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Read More »

Куќен притвор за четворица осомничени за инцидентот во М-НАВ

Кривичниот суд одлучи делумно да ја прифати жалбата на Јавното обвинителство (ОЈО) за мерките определени за осомничените за инцидентите во М-НАВ, а на четворицата обвинети од ОЈО им определи куќен притвор, меѓу кои и поранешниот министер од ДУИ, Беким Незири. Незири дојде во Кривичниот суд да присуствува на рочиштето за жалбата, а во текот на рочиштето неговиот адвокат Еленко Миланов ...

Read More »

Презентирани измените на Законот за рестриктивни мерки

Шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференција ги презентираше Предлог-измените на Законот за рестриктивни мерки, кои доколку бидат усвоени, ќе ги вградат црните листи на САД и Велика Британија во законодавниот дом на Северна Македонија. Според текстот на законските измени, откако САД, ОК или ЕУ ќе назначат држава или избран функционер од Северна Македонија и ќе воведат санкции против нив, ...

Read More »

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во преодната влада

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во четвртокот вечерта соопшти дека Извршниот комитет одобрил лидерот на партијата Христијан Мицкоски да избере кандидати за министерските позиции во преодната влада. „Би сакал да појаснам дека ВМРО-ДПМНЕ одлучи да учествува во преодната влада која се очекува да стапи на сила на 28 јануари или по него, но ние ќе се воздржиме од гласање во ...

Read More »

Одземените станови на Мијалков купени од фирма на неговиот син

mijalkov

Директорот на Агенцијата за одземен имот Дритон Небиу информираше дека становите што му беа одземени на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков во случајот „Империја“ се купени на јавна лицитација од фирмата „Бест Веј Инвестмент“, која е во сопственост на синот на Мијалков, Јордан. „Становите беа продадени пред неколку месеци, но тогаш немавме информации кои се купувачите“, рече Небиу, додавајќи ...

Read More »

Пукање пред тетовска болница, ранети двајца мажи

Двајца мажи од село Гајре се ранети откако група од пет лица пукале кон нив пред Општата болница во Тетово. Како што информира МВР, пукањето се случило околу 18 часот и 30 минути, а претходела вербална и физичка пресметка меѓу двете групи. Групата од пет лица која отворила оган побегнала од местото на злосторството, а полицијата трага по нив. Еден ...

Read More »

Мицкоски: Амбасадорот на Холандија даде потврда за сѐ она што ВМРО-ДПМНЕ со години го зборува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во рамките на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“, при посетата на Општина Кисела Вода, одговорајќи на новинарско прашање за негов коментар за изјавата на холандскиот амбасадор, посочи дека како ВМРО-ДПМНЕ тоа го зборува подолго време откако овие две партии се власт. „Амбасадорот на Холандија го потврди тоа што ние го зборуваме со години ...

Read More »

Состојба на патиштата 11.01.2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м има во Крушево. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се ...

Read More »

Холандскиот амбасадор му најавил на Ахмети вето ако се меша во врховниот суд

Амбасадорот на Холандија во земјава, Дирк Јан Коп упатил жестока порака на средбата со претседателот на ДУИ – Али Ахмети. Амбасадата на Холандија на својот Фејсбук профил информираше дека на средбата Јан Коп му пренел порака на Ахмети – дека по континуираниот двегодишен пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена. Непотребното политичко ...

Read More »

Гир, Ковачевски: Ситуациите во М-НАВ мора темелно да се проверат

Евроамбасадорот Дејвид Гир во врска со последните настани за Македонската воздушна навигација (М-НАВ) рече дека европските регулативи за управување со институции од ваков вид се многу јасни. „Вработувањата во институциите од ваков вид мора да се вршат врз основа на професионална квалификација, а не врз основа на политичка партиска припадност. Има обврски кон ЕУ кога станува збор за безбедноста на ...

Read More »