Monthly Archives: April 2019

Премиерот Заев, министерката Царовска и директорот на АМС Каевски: Ги поддржуваме политиките спортските активности за сите категории граѓани за јакнење на општествените вредности

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, денеска, заедно со млади,  членови на неколку спортски клубови, здруженија и ученици од повеќе училишта, со учество во повеќе спортски и рекреативни игри во Градскиот парк во Струмица го одбележаа 6-ти април, ...

Read More »

Одбележан Меѓународниот ден на Ромите

На овој свечен настан министерот Бајрам за време на своето обраќање истакна дека од круцијална важност е имплементацијата на Националната Стратегија за Роми која ги опфаќа реалните потреби на Ромите во областите на образованието, домувањето, вработувањето и здравството и повика на уште повисока граѓанска свест и одговорност кон потребите на ромската заедница во нашето општество. Исто така додаде дека Владата ...

Read More »

Премиерот Заев во посета на РЕК Битола: Инвестиција од 20.4 милиони евра во реконструкција на системот на електростатски филтри на РЕК е најголема инвестиција за заштита на животната средина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев оствари работна посета на РЕК Битола во рамки на која, заедно со директорот на АД ЕСМ, Драган Миновски и директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски направи обиколка на производствените капацитети и реализираше средба со Управниот и надзорниот одбор.   Ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост.   „По убавата ...

Read More »

Состојба на Патиштата, Понеделник, 08.04.2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од денеска 08.04.2019 до 11.04.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А1, делница Миладиновци – Куманово (стара наплатна станица Романовце) за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај. ЗАБРАНА ЗА ТМВ: На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради ...

Read More »

Кабинет на ЗПВРСМ за економски прашања – Објавен вториот повик за кофинансирани грантови за комрцијализација на иновации 4.4.2019

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски денеска го презентираа вториот повик од Планот за економски раст на Владата (ПЕР), наменет за ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации.   Ова е можност за домашните компаниите да добијат поддршка од државата за развој на своите ...

Read More »

Премиерот Заев се сретна со шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, г-ѓа Јонкер: Претседателските избори се исклучително важни, отворениот политички дијалог со сите партии е во интерес на државата и граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со г-ѓа Корин Јонкер, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претстојните претседателски избори во Северна Македонија.   На средбата е оценета важноста на обезбедување услови за регуларен и успешен процес за спроведување на претседателските избори и за потребата од висока одговорност од страна на сите субјекти во ...

Read More »

Премиерот Заев и Комесарот за национални малцинства на ОБСЕ Заниер: Северна Македонија е земја модел за успешно уредување на правата на заедниците во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска го прими во посета Високиот комесар за малцинства на ОБСЕ, Ламберто Заниер.   Премиерот Заев на средбата зборуваше за спроведувањето на Законот за употреба на јазиците со кој беше затворена законската рамка на Охридскиот рамковен договор, и нагласи дека договорот влезе и во преамбулата на Уставот, како легислатива што ја ...

Read More »

Царовска на средба со пензионерите во Пробиштип: Пензиите се стабилни продолжуваат да растат

Членката на Централниот одбор на СДСМ Мила Царовска вечерва се сретна со претставници од Здружението на пензионери од Пробиштип.   На состанокот уште еднаш беше потенцирано дека со пензиската реформа којашто стартуваше на почетокот на годината пензиите се стабилни и продолжуваат континуирано да растат.   „Со пензиската реформа обезбедивме редовна исплата на пензија на сегашните, но и на идните пензионери, без при ...

Read More »

Состојба на Патиштата, Петок, 05.04.2019

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово- Свети Николе Л=32 км од ден 28.03.2019 год ќе има одобрен времен режим на сообраќај. ЗАБРАНА ЗА ТМВ: На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат „Кавадарци – с.Мрежичко” воведена е забрана за ТМВ. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива ...

Read More »

Прв ден од работниот престој на МНР Димитров на Вашингтон, САД

Почетокот на работниот престој на МНР Никола Димитров во Вашингтон го одбележаа  средби со претставници на американски државни институции, за кои што заеднички беше отворено изразеното задоволство од придружувањето на Република Северна Македонија во Алијансата. Покрај тоа, соговорниците на министерот Димитров покажаа особен интерес за темпото и длабочината на реформскиот процес, како предуслов за општество засновано на вистински демократски вредности. ...

Read More »